| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије неутрализира 3.070 терористи во Сирија и Ирак во 2024 година
Министерството за национална одбрана на Туркије соопшти дека 49 терористи, вклучително и припадници на ПКК, нејзините сириски ограноци ПЈД/ЈПГ, како и ДАЕШ, биле неутрализирани во текот на изминатата недела
Туркије неутрализира 3.070 терористи во Сирија и Ирак во 2024 година
Според министерството за одбрана, дополнително уште 107 терористи се предале во 2024 година / Photo: AA / AA

Туркије неутрализира вкупно 3.070 терористи во Сирија и Ирак во текот на 2024 година, објави денес турското Министерство за национална одбрана.

Министерството соопшти дека 49 терористи, вклучително и припадници на ПКК, нејзините сириски ограноци ПЈД/ЈПГ, како и ДЕАШ, биле неутрализирани во текот на изминатата недела.

Министерството извести дека минатата година 1.579 терористи биле неутрализирани во северна Сирија и 1.491 во северен Ирак.

Дополнително, 107 терористи се предале во 2024 година, се вели во соопштението.

Турските вооружени сили минатата недела открија засолниште во регионот на операцијата „Канџа-катанец“, кое вклучуваше пештера со повеќе делови и друга локација исполнета со оружје, муниција и залихи, соопшти Министерството.

Туркије во 2022 година ја започна операцијата „Канџа-катанец“, чија цел беа скривалиштата на терористите на терористичката организација во северниот дел на Ирак во регионите Метина, Зап и Авашин-Басјан.

Во врска со граничната безбедност, Министерството рече дека турските власти привеле 109 лица кои се обиделе илегално да ги преминат границите во изминатата недела, вклучително и еден терорист, додека запрени биле други 2.016.

Во текот на 2024 година, 13.939 лица се приведени за илегално преминување на границата, а 97.356 се запрени, покажуваат податоците.

- Случувањата во Сирија -

Министерството, исто така, се осврна на случувањата во Сирија, нагласувајќи ја посветеноста на Туркије за единството, територијалниот интегритет на земјата и тековната борба против тероризмот.

Се вели дека подготовките за зајакнување на безбедносните и одбранбените капацитети на Сирија продолжуваат.

Беа истакнати и напорите да се обезбеди доброволно, безбедно и достоинствено враќање на Сиријците кои живеат во Туркије.

По брифингот со новинарите, извори од Министерството за национална одбрана одговорија на новинарските прашања, истакнувајќи дека „нема место за терористички организации во новата ера на Сирија“.

Тие ја истакнаа решеноста на Туркије, заедно со новата сириска администрација, да го спречи присуството на терористички организации во земјата.

Башар ал-Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи го зазедоа Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Оваа промена се случи откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам брзо ги зазедоа клучните градови во офанзивата што траеше помалку од две недели.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност
Туркије регистрираше 102 производи со географска ознака во првите 10 месеци од 2026 година
Курум од КОП31 предупредува: Ниту една земја не може сама да се соочи со климатската криза
Папата Лав XIV започнува значајна посета на Перу, по емотивното заминување од Аргентина