| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Полска не го покани Орбан на церемонијата за почетокот на претседателството
На церемонијата што се одржува во Варшава по повод полското претседавање со Советот на ЕУ, освен Орбан, нема да присуствува ниту унгарскиот амбасадор во Полска, информираа од полското МНР
Полска не го покани Орбан на церемонијата за почетокот на претседателството
Варшава негодува бидејќи Орбан му даде азил на поранешниот полски заменик-министер за правда, Марсил Романовски, кој е под истрага за злоупотреба на јавни средства / Photo: Reuters / Reuters

Полската заменик-министерка за европски прашања Магдалена Собковјак-Чарнецка денеска изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан не бил поканет на церемонијата што се одржува во Варшава по повод полското претседавање со Советот на ЕУ. На церемонијата не е добродојден ниту унгарскиот амбасадор во таа земја.

Како што истакна Собковјак-Чарнецка, полските власти ја донесле таа одлука откако Будимпешта му даде азил на поранешниот заменик-министер за правда на Полска, Марсил Романовски, кој е под истрага за наводна злоупотреба на јавни средства.

Будимпешта му даде политички азил на Романовски, кој беше уапсен во Полска во јули минатата година, како дел од истрагата за злоупотреба на јавни средства, што беше остро критикувано од официјални лица во Варшава.

Романовски претходно ги негираше обвиненијата, а доби азил во Унгарија откако беше ослободен во Полска поради пратенички имунитет.

Собковјак-Чарнечка рече и дека чека да види дали на церемонијата што се одржува во Големиот театар-Национална опера во Варшава ќе се појави претставник на унгарската амбасада од понизок ранг.

Таа посочи дека кога беа испратени поканите минатиот месец, беа поканети сите највисоки функционери на ЕУ, но полскиот министер за надворешни работи Радислав Шикорски реши да не ги поканува унгарските лидери по инцидентот со Романовски.

Полскиот премиер Доналд Туск претходно го критикуваше ставот на Орбан за Украина, додека Орбан рече дека владата на Туск ги гледа Унгарците како „непријатели“.

Полска го презеде претседавањето со ЕУ од Унгаријана 1 јануари.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година
САД и Русија се спротивставуваат на разговорите за ограничување на автономното оружје
Лидерите на Квад ќе го одржат првиот самит од 2024 година во Манила утре