| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Премиерот на Гренланд уште еднаш ја изрази желбата за независност од Данска
Иако мнозинството од 57.000 жители на Гренланд ја поддржуваат независноста, не сите се на исто мислење за тоа кога би било време да се преземе тој чекор и каков ефект би имал врз животниот стандард
Премиерот на Гренланд уште еднаш ја изрази желбата за независност од Данска
Егеде ја изрази желбаta за сопственост и контрола на Гренланд и зајакнување на соработката на Гренланд со другите земји / Photo: Reuters / Reuters

Премиерот на Гренланд Муте Егеде во својот новогодишен говор уште еднаш ја изрази желбата на Гренланѓаните за независност од Данска, поранешниот колонијален владетел.

Во својот говор, Егеде ја изрази својата желба за сопственост и контрола на Гренланд и зајакнување на соработката на Гренланд со другите земји.

„Крајно време е ние самите да направиме чекор кон нашата иднина, и во однос на тоа со кого ќе соработуваме тесно и кои ќе бидат наши трговски партнери“, рече Егеде.

Движењето за независност доби на интензитет во Гренланд во последниве години, делумно поради откритијата за злоупотреби од данските власти во 20 век, вклучително и кампањата за принудна контрола на раѓањето што започна во 1960-тите.

Гренланд беше данска колонија до 1953 година, но сега е самоуправна територија на Данска и доби право да гласа за независност во 2009 година. Во 2023 година, владата на Гренланд го претстави првиот нацрт на уставот.

„Историјата и моменталната ситуација покажаа дека не успеавме да постигнеме целосна рамноправност во соработка со Кралството Данска. Сега е време нашата земја да го направи следниот чекор. Како и другите земји во светот, мора да работиме на отстрaнување на пречките за соработка, кои може да се опишат како окови на колонијализмот, и да тргнеме напред“, рече Егеде.

Тој додаде дека за независноста треба да одлучи народот на Гренланд, но не кажа кога би можело да се одржи гласањето. Иако мнозинството од 57.000 жители на Гренланд ја поддржуваат независноста, не сите се на исто мислење за тоа кога би било време да се преземе тој чекор и каков ефект би имал врз животниот стандард.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата