| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Православните христијани го слават Бадник
Поглаварот на МПЦ - Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, во својот говор им го честита празникот на христијанските верници.
Православните христијани го слават Бадник
Православните христијани го слават Бадник / Photo: AA / AA

Православните христијани во Северна Македонија денеска го слават Бадник, денот пред Божиќ.

По тој повод, празникот традиционално се одбележува со посета на храмовите на Македонската православна црква (МПЦ), а централната литургија се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, која започна со бадниковата химна и подигањето на бадниковото знаме.

Поглаварот на МПЦ - Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, во својот говор им го честита празникот на христијанските верници.

По осветувањето на бадниковите гранчиња, кои им беа поделени на верниците, се кршеше и бадниковото лепче со паричка.

Според христијанската традиција, првите гласници на празникот се коледарите, децата кои ја носат веста за доаѓањето на празникот Божиќ, кои в зори тропаат на вратите на домаќинствата најавувајќи го празникот, и за тоа се дарувани.

На Бадник завршуваат божиќните пости. Семејствата за Бадник во вечерните часови се собираат околу заедничка бадникова трпеза, и според традицијата, оваа вечер не се оди на гости.

Се подготвува богата посна трпеза, a се прави и лепче или пита во која се става паричка. Се верува дека оној на кого што ќе му се падне паричката, ќе го следат среќа и бериќет во текот на целата година.

Исто така, ноќта пред Бадник се става бадниково гранче на секоја врата, што според христијанското верување, носи здравје за целото семејство.

Повеќето православни цркви во светот го користат Јулијанскиот календар, формиран по наредба на Јулиј Цезар во 46 пр.н.е. и го немаат прифатено Грегоријанскиот календар кој е формиран во 1582 година од римскиот папа Григориј. Разликата меѓу двата календара е 13 дена, поради што православните христијани го слават Божиќ на 7 јануари, а не на 25 декември.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Иран нема да дозволи збогатениот ураниум да биде изнесен од земјата
Гутереш ги повика државите да усвојат нов „Договор за климатска правда“ на КОП31
Лавров по средбата со Вулин: Русија е посветена на гасните договори со Србија
Втора рунда преговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби
Сирискиот претседател Шара пристигна во Туркије на климатскиот самит
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ