| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Шест Палестинци загинаа во последните израелски напади во Газа
Израелската Армија ја продолжи геноцидната војна во енклавата во која се убиени речиси 45.900 луѓе, главно жени и деца, од 7 октомври 2023 година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот
Шест Палестинци загинаа во последните израелски напади во Газа
Уште десет Палестинци, вклучително и шест деца, се повредени во израелски воздушен напад врз дом во бегалскиот камп Буреиџ / Фото: AA / AA

Уште шест Палестинци се убиени во синоќешните израелски воздушни напади врз домовите во градот Газа и градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, додека израелската геноцидна војна продолжува со несмалено темпо.

Официјалната палестинска новинска агенција „Вафа“ цитираше медицински извори кои велат дека пет Палестинци загинале, а неколку други биле повредени во израелскиот воздушен напад врз домот на семејството Баргут во населбата Зејтун, во југоисточниот град Газа.

Уште еден Палестинец е убиен, а други се повредени во израелски воздушен напад врз стан во градот Деир ал Балах, додаваат медицинските извори.

Уште десет Палестинци, вклучително и шест деца, се повредени во израелски воздушен напад врз дом во бегалскиот камп Буреиџ, објави „Вафа“.

Израелската Армија ја продолжи геноцидната војна во енклавата во која се убиени речиси 45.900 луѓе, главно жени и деца, од 7 октомври 2023 година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег