| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Две лица загинаа во големиот пожарот во Лос Анџелес
Три шумски пожари кои брзо се шират го зафатија подрачјето на Лос Анџелес, што предизвика задолжителна евакуација на повеќе од 80.000 луѓе, а огнот во населбата Палисадес веќе уништи речиси 2.900 хектари
Две лица загинаа во големиот пожарот во Лос Анџелес
Огнената стихија дополнително ја разгорува силниот ветер што дува и до 160 километри на час / Photo: Reuters / Reuters

Две лица загинаа, а неколку други се повредени додека пожарот во Лос Анџелес продолжува да се шири, соопштија денеска властите во Калифорнија на прес-конференција.

Во Лос Анџелес беснеат три големи пожари, а пожарникарите водат натчовечка битка со огнената стихија, која дополнително ја разгорува силниот ветер што дува и до 160 километри на час.

Состојбата е катастрофална, се повеќе згради се претвораат во пепел, а сликите кои пристигнуваат ја покажуваат моќта на пожарот кој е невозможно да се контролира.

Началникот на пожарникарите во Лос Анџелес, Ентони Мароне, изјави дека пожарот во Итон изгорел повеќе од 800 хектари и продолжува да се шири со „нула проценти контрола“.

„Повеќе од 500 луѓе беа ангажирани во пожарот во Итон. Пријавени се двајца загинати цивили, како и голем број сериозно повредени“, рече тој.

Како што наведе, уништени се повеќе од 100 објекти.

Мароне додаде дека причината за пожарот е непозната и дека истрагата е во тек.

Противпожарната служба соопшти дека мора да се справи со „тешкиот терен“ и екстремната брзина на ветерот.

При гаснење на пожарот е повреден еден пожарникар.

Шумски пожари кои брзо се шират го зафатија подрачјето на Лос Анџелес, што предизвика задолжителна евакуација на повеќе од 80.000 луѓе.

Пожарот во населбата Палисадес веќе уништи речиси 2.900 хектари.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?