| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Руте повика на континуирана поддршка за Украина во војната против Русија
Мораме да направиме сѐ што можеме за да обезбедиме Украина да го добие она што ѝ е потребно во однос на обуката и опремата за да ја продолжи борбата и да преживее, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
Руте повика на континуирана поддршка за Украина во војната против Русија
Клучно е Украина да се стави во најдобра можна позиција за да може во одреден момент да започне преговори за решавање на конфликтот самоиницијативно, додаде Руте / Photo: AA / AA

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес повика на континуирана поддршка за Украина во нејзината војна против соседна Русија, според извештаите во печатот, јавува Анадолу.

„Мораме да направиме сѐ што можеме за да обезбедиме Украина да го добие она што ѝ е потребно во однос на обуката и опремата за да ја продолжи борбата и да преживее“, изјави Руте на маргините на состанокот на Контакт-групата за Украина во базата на американските воздухопловни сили во Рамштајн.

„Клучно е Украина да се стави во најдобра можна позиција за да може во одреден момент да започне преговори за решавање на конфликтот самоиницијативно“, додаде тој.

„Доколку таквите преговори не резултираат со добар договор, тоа ќе се забележи и во Кина, Северна Кореја и Иран“, предупреди Руте, алудирајќи на фактот дека овие земји би можеле да се чувствуваат охрабрени од рускиот успех во Украина.

„Војната не е само за Украина, туку и за геополитичкиот контекст“, рече Руте.

Состанокот на Контакт-групата за одбрана на НАТО се одржува во услови на тешка воена ситуација за Украинските вооружени сили на источниот дел земјата и сценариото дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп може да се обиде да ги притисне Киев и Москва на преговори.

Трамп неодамна рече дека се надева дека војната ќе заврши „многу порано пред да поминат шест месеци“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата