| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Билансот на убиени Палестинци во израелскит геноцид во Газа надмина 46.000
Израелските сили убиле 70 лица, а раниле 104 лица низ целата територија на Газа во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство на енклавата, повторувајќи дека има уште мртви тела под урнатините
Билансот на убиени Палестинци во израелскит геноцид во Газа надмина 46.000
Министерството додаде дека во нападите досега повредени се најмалку 109.378 Палестинци / Photo: AA / AA

Најмалку уште 70 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади во Појасот Газа, со што билансот од октомври 2023 година достигна 46.006, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата.

Министерството додаде дека во нападите досега повредени се најмалку 109.378 Палестинци.

„Израелските сили убија 70 лица и ранија 104 во три масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Израел продолжува со геноцидната војна врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Втората година од геноцидот во Газа наиде на зголемена меѓународна осуда, при што официјални лица и институции ги окарактеризираа нападите и блокирањето на испораката на хуманитарна помош како намерен обид за уништување на населението.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата