| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Британскиот боксер Тајсон Фјури објави крај на кариерата
„Поздрав до сите. Нека биде ова кратко и слатко. Би сакал да го објавам моето повлекување од боксот. Беше одлично и уживав во секоја минута. Бог да ве благослови, да се видиме од другата страна“, рече Фјури во видеото објавено на социјалните мрежи
Британскиот боксер Тајсон Фјури објави крај на кариерата
Фјури, познат под прекарот „Крал на циганите“ во својата професионална кариера имаше 37 борби, во кои оствари 34 победи / Photo: Reuters / Reuters

Британскиот боксер Тајсон Фјури, еден од најдобрите професионални боксери во светот на сите времиња денеска објави крај на кариерата.

Фјури (36) на Инстаграм објави видео во кое објави дека се пензионира.

„Поздрав до сите. Нека биде ова кратко и слатко. Би сакал да го објавам моето повлекување од боксот. Беше одлично и уживав во секоја минута. Ќе го завршам ова. „Дик Турпин“ ја носеше маската. Бог да ве благослови, да се видиме од другата страна“, рече Фјури.

„Дик Турпин“ е озлогласен англиски друмски разбојник, кој ограбувал трговци, па јасно е дека Фјури алудирал на фактот дека судиите му помогнале на Украинецот Александар Усик вторпат по ред да го победи на 22 декември лани во борбата за светски првак во тешка категорија во верзиите ВБА, ВБО и ИБО.

Фјури, кој беше познат под прекарот „Крал на циганите“, во својата професионална кариера имаше 37 борби, во кои оствари 34 победи, од кои 24 со нокаут, една нерешена и два порази, и двата од Усик.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Петмина загинати во пад на турски воен хеликоптер за време на лет за обука
На државите им е дозволено да враќаат мигранти инструментализирани од други земји, пресуди ЕСЧП
ОН: Околу 47.000 жени и девојки убиени од интимни партнери или членови на семејството во 2025 година
Гаши од Загреб: Бараме гаранции дека повеќе нема да ни биде блокиран патот кон ЕУ
Првата пловечка соларна електрана во Туркије ќе започне со производство на струја во 2027 година
Грчката опозиција бара одговори од Владата за наводна воена обука со озлогласена израелска бригада
Иран: Четврти танкер за нафта удрил во морска мина и се запалил во Ормускиот Теснец
Шпанија го продолжува родителското отсуство и отсуството поради жалост пред изборите
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Во Белгија отворен најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати