| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Израел ќе гради 2.749 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег
Доколку плановите од оваа недела бидат одобрени, тоа ќе значи дека во период од еден и пол месец ќе бидат обезбедени 2.749 единици за домување, се наведува во соопштението на организацијата што го следи процесот на изградба на израелски населби
Израел ќе гради 2.749 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег
Во јули 2024 година Меѓународниот суд на правдата ја прогласи децениската окупација на палестинската земја од страна на Израел за нелегална и побара евакуација на сите постојни населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Источен Кудс) / Photo: AA / AA

Израелските власти планираат во наредните шест недели да одобрат изградба на 2.749 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег, соопшти денес израелската организација против населување „Мир сега“.

„Доколку плановите од оваа недела бидат одобрени, тоа ќе значи дека во период од еден и пол месец ќе бидат обезбедени 2.749 единици за домување“, се наведува во соопштението на организацијата што го следи процесот на изградба на израелски населби.

Организацијата предупреди дека со ова темпо 2025 година би можела да биде „рекордна“ по бројот на одобрени станбени единици на Западниот Брег, со просек од 1.800 месечно.

Според „Мир сега“, Високиот плански совет (HPC) на Израелската цивилна администрација треба да се состане во среда за да одобри изградба на 372 единици во населбата Беитар Иллит, јужно од Ерусалим.

„Овој состанок е дел од неодамнешниот тренд на неделни сесии за промоција на планови за изградба на населби, а целосно изостануваат слични дискусии за одобрување палестински градби во подрачјето“, соопшти организацијата.

Подрачјето Ц, кое зафаќа околу 60 отсто од окупираниот Западен Брег, е под целосна контрола на Израел.

Според Договорите од Осло од 1995 година, окупираниот Западен Брег беше поделен на три подрачја: подрачје А под целосна палестинска контрола, подрачје Б под израелска безбедносна и палестинска цивилна и административна контрола и подрачје Ц под целосна израелска контрола.

„Мир сега“ истакна дека откако актуелната Влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху ја презеде функцијата кон крајот на 2022 година, одобрен е рекорден број станбени единици на Западниот Брег.

„Во 2023 година HPC одобри 12.349 единици за домување - рекордно висока бројка. Во 2024 година одобрени се 9.884 единици“, се додава во соопштението.

Претходно за плановите за изградба на населби беше потребно одобрување од министерот за одбрана, кој последниве години ги ограничуваше планските сесии на четири годишно, при што на секоја сесија се одобруваа илјадници единици.

Меѓутоа, последниве недели процесот значително се смени, при што HPC сега одржува неделни сесии за одобрување стотици станбени единици на секоја седница.

Меѓународната заедница, вклучително и Обединетите нации (ОН), ги смета израелските населби за нелегални според меѓународното право.

ОН повеќепати предупредија дека континуираната експанзија на населбите ја загрозува одржливоста на дводржавното решение што се смета за клучно за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

Во јули 2024 година Меѓународниот суд на правдата ја прогласи децениската окупација на палестинската земја од страна на Израел за нелегална и побара евакуација на сите постојни населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Источен Кудс).

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година
САД и Русија се спротивставуваат на разговорите за ограничување на автономното оружје
Лидерите на Квад ќе го одржат првиот самит од 2024 година во Манила утре
Кремљ ја обвини Естонија за градење „ѕид“ по одлуката да ги затвори сите гранични премини со Русија
Меѓународна осуда за апсењето на новинар на АФП од Израел во Западниот Брег
Вадефул: Нема да преговараме со Русија за нова европска безбедносна рамка
ЕУ одобри рекордна исплата од 8,8 милијарди долари за Украина
Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ е геостратешки императив, посветени сме на реформите