| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Свечла: Затворени сите паралелни институции поврзани со Србија
Денеска се затворени „паралелните општини на Србија“ во Липјан, Обилиќ, Приштина, Косово Поле, Вучитрн, Ново Брдо, Каменица, Витина, Ораховац, Скандерај, како и илегалната пошта и даночната канцеларија
Свечла: Затворени сите паралелни институции поврзани со Србија
Наведените институции во изминатиот период постепено беа затворани / Фото: AFP / AFP

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла потврди дека сите „паралелни институции поврзани со Србија“ во земјата се затворени, јавува Анадолу.

Денеска се затворени „паралелните општини на Србија“ во Липјан, Обилиќ, Приштина, Косово Поле, Вучитрн, Ново Брдо, Каменица, Витина, Ораховац, Скандерај, како и илегалната пошта и даночната канцеларија.

„Со заедничка акција на МПБ и ПК, како и МИНТ и МАПЛ, се завршува ерата на српските општини и паралелните криминални институции во Република Косово“, наведе министерот Свечла на Фејсбук, и додаде:

„Како што ветивме, нема да дозволиме никаква паралелна, а особено криминална активност на Србија што би го загрозила Уставот и правниот поредок во нашата земја.“

Во градовите и населените места каде што живее српската заедница на Косово, делуваа општини, компании, градинки, основни и средни училишта и јавни универзитети, кои беа директно финансирани од српската Влада, а кои според косовските закони беа третирани како незаконски.

Наведените институции во изминатиот период постепено беа затворани, а косовската Влада во неколку наврати потенцираше дека со укинувањето на „паралелните српски институции“ настојува да воспостави ред и закон, особено на северот на Косово, каде што мнозински живеат Срби.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата