| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
УНРВА ќе продолжи да помага на Палестинците и покрај израелската забрана
Локалниот персонал  ќе остане и ќе продолжи да обезбедува итна помош и  каде што е можно, образование и примарна здравствена заштита, изјави директорот на УНРВА, Лазарини, но не појасни како агенцијата ќе дејствува во областите контролирани од Израел
УНРВА ќе продолжи да помага на Палестинците и покрај израелската забрана
Законите донесени од Израел во октомври минатата година забрануваат УНРВА да работи на израелска територија и ги спречуваат израелските власти да имаат било каков контакт со агенцијата / Photo: Reuters / Reuters

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) ќе продолжи да обезбедува помош на палестинските територии и покрај израелската забрана што треба да се спроведе до крајот на јануари, изјави директорот на УНРВА, Фелипе Лазарини.

„Ние ќе останеме и ќе испорачаме. Локалниот персонал на УНРВА ќе остане и ќе продолжи да обезбедува итна помош и, каде што е можно, образование и примарна здравствена заштита“, рече Лазарини на конференцијата во Осло.

Тој не појасни како УНРВА ќе дејствува во областите контролирани од Израел.

Законите донесени од Израел во октомври минатата година забрануваат УНРВА да работи на израелска територија и ги спречуваат израелските власти да имаат било каков контакт со агенцијата.

Израелските власти претходно објавија дека е откриено дека повеќе од десет вработени во УНРВА учествувале во нападот на Хамас врз јужен Израел во октомври 2023 година.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Лавров по средбата со Вулин: Русија е посветена на гасните договори со Србија
Втора рунда преговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби
Сирискиот претседател Шара пристигна во Туркије на климатскиот самит
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната