| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Се надеваме дека примирјето во Газа ја отвора вратата за траен мир
Туркије ќе продолжи да стои покрај населението на Газа и да ги мобилизира сите средства за да ѝ помогне на Газа да заздрави и да застане на нозе, изјави Ердоган, поздравуваjќи го договорот за прекин на огнот меѓу палестинската група Хамас и Израел
Ердоган: Се надеваме дека примирјето во Газа ја отвора вратата за траен мир
Туркије никогаш не ги оставила сами своите „палестински браќа и сестри“ во нивната борба против угнетувањето и угнетувачите, додаде Ердоган / Photo: AA / AA

Туркије се надева дека договорот за прекин на огнот во Газа ќе ја отвори вратата за траен мир и стабилност за „нашите браќа и сестри Палестинци“, како и за регионот и целото човештво, рече во средата претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„Туркије ќе продолжи да стои покрај населението на Газа и да ги мобилизира сите средства за да ѝ помогне на Газа да заздрави и да застане на нозе“, изјави Ердоган на X, истакнувајќи дека Туркије го поздравува договорот за прекин на огнот меѓу палестинската група Хамас и Израел.

„Ги поздравуваме херојскиот народ и храбрите синови и ќерки на Газа кои храбро ја бранат својата земја и слободи пред израелските незаконски и нехумани напади“, истакна тој.

Туркије никогаш не ги оставила сами своите „палестински браќа и сестри“ во нивната борба против угнетувањето и угнетувачите, додаде Ердоган.

Претходно, катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман го објави успехот на посредниците во постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа, истакнувајќи дека неговото спроведување ќе започне оваа недела.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?