| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Стотици камиони со хуманитарна помош чекаат отворање на преминот  Рафах
Камионите, кои носат храна, медицински материјали и облека, чекаат во областа Ариш, што се наоѓа на египетската страна на преминот Рафах,  кој е примарна влезна точка за хуманитарна помош во Појасот Газа
Стотици камиони со хуманитарна помош чекаат отворање на преминот  Рафах
Во разговор за Агенција Анадолу неколку возачи на камиони ја споделија својата радост и оптимизам во врска со прекинот на огнот / Photo: AA / AA

По објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, стотици камиони со хуманитарна помош пристигнаа на египетската страна на Граничниот премин „Рафа“ утрово очекувајќи го отворањето на преминот за достава на виталната помош за Газа.

Камионите, кои носат храна, медицински материјали и облека, чекаат во областа Ариш, што се наоѓа на египетската страна на преминот Рафа. Овој премин е примарна влезна точка за хуманитарна помош во Појасот Газа.

Во разговор за Агенција Анадолу неколку возачи на камиони ја споделија својата радост и оптимизам во врска со прекинот на огнот. Салама Ахмад Абдел Хамид од Исмаилија рече: „Ние сме среќни со решението што го отвора патот за нашите браќа муслимани. Тоа ќе ми овозможи да помогнам и да ја доставам потребната помош.“

Ибрахим Иса од Лабосир, пак, рече: „Работите се подобри сега со прекинот на огнот што го даде Алах... рековме дека е готово, ќе бидат ослободени. Денес ќе тргнеме и ќе одиме да помогнеме. Среќни сме и возбудени што можеме да ја доставиме помошта за народот и нашите палестински браќа.“

Махмуд Тефик додаде: „Ситуацијата е добра... Слушнавме дека од недела ќе се отвори преминот и ќе влезат околу 600 камиони со шатори, храна и други залихи.“

„Ова ќе им донесе олеснување на сите“, додаде Тефик.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег