| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Повторените претседателски избори во Романија на 4. мај
Романската влада во четвртокот издаде декрет со кој бара материјалите за изборната кампања да бидат јасно означени како изборна содржина и да се идентификуваат нивните спонзори
Повторените претседателски избори во Романија на 4. мај
Победникот на поништените избори, кандидатот на екстремната десница Калин Ѓеорѓеску реши правдата да ја побара пред Европскиот суд за човекови права / Photo: Reuters / Reuters

Новите претседателски избори во Романија ќе се одржат на 4 мај, со можен втор круг 14 дена подоцна, објави романската влада.

Новите избори доаѓаат откако Уставниот суд ги поништи резултатите од првиот круг од претседателските избори во ноември.

„Усвоен е закон со кој се одредува датумот за претседателските избори во 2025 година“, рече владиниот портпарол, потврдувајќи го предлогот на коалицијата првиот круг од изборите да се одржи на 4 мај, а можен втор круг на 18.

Во првиот круг од претседателските избори во ноември минатата година, изненадувачки победи кандидатот на екстремната десница Калин Ѓеорѓеску. Нему во вториот круг требаше да му се спротивстави Елена Ласкони, проевропската кандидатка на зелено-либералната реформска партија УСР, но Уставниот суд го поништи резултатот од првиот круг.

Одлуката за поништување на изборите беше донесена откако романските разузнавачи предупредија на можноста за странско мешање во изборите. Тие особено ја истакнаа кампањата на Ѓорѓеску на мрежата ТикТок, за која велат дека била под руско влијание.

Романската влада во четвртокот издаде декрет со кој бара материјалите за изборната кампања да бидат јасно означени како изборна содржина и да бидат идентификувани нивните спонзори.

Ѓорѓеску се обиде преку домашното судство да ја оспори одлуката на Уставниот суд, која тој ја опиша како државен удар, но не успеа, па реши правдата да ја побара пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ