| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Музеј на „изумрена“ медиумска технологија во Токио
Повеќето експонати се прикажани така што посетителите можат да ги држат во раце, овозможувајќи им целосно сетилно искуство, сакаме посетителите да ги искусат овие предмети со сите пет сетила, а не само да ги гледаат низ стакло, велат од музејот
Музеј на „изумрена“ медиумска технологија во Токио
Отворен во јануари 2023 година, музејот беше основан врз основа на верувањето дека целата медиумска опрема, освен хартијата и каменот, на крајот ќе „изумре“ / Photo: Reuters / Reuters

Музејот на изумрена медиумска технологија во центарот на Токио е достоен на своето име.

Од Бетакам видео ленти до флопи дискови и стари уреди на Сони, музејот прикажува стари камери и телекомуникациска опрема, вклучувајќи ја и јапонската камера Лили од 1916 година, кок е најстар експонат на изложбата.

Во музеј со три соби со преполни полици, посетителите како 59-годишната Мика Мацуда можат за момент да се повлечат назад во времето и да ги видат уредите што некогаш биле во секојдневна употреба.

„Ова е фасцинантно не само за генерациите кои не се запознаени со овие предмети, туку и за оние кои живееле во тоа време. Гледајќи околу нив, се чувствувам како да се сеќавам на нашите сопствени животи. Ме потсетува на тоа како беше тогаш... Толку се забавував“, рече Мацуда.

Отворен во јануари 2023 година, музејот беше основан врз основа на верувањето дека целата медиумска опрема, освен хартијата и каменот, на крајот ќе „изумре“, објасни заменик-кураторот на музејот Барбара Асука.

„Повеќето донирани предмети се прикажани така што посетителите можат да ги држат во раце, овозможувајќи им целосно сетилно искуство. Со држење на некој предмет можете да добиете многу информации, како мирис.Сакаме посетителите да ги искусат овие предмети со сите пет сетила, а не само да ги гледаат низ стакло“, додаде Асука.

Музејот добива донации од посетители како Хисаши Ито, кој донесе мал рачен часовник и касети од неговата приватна колекција.

„Дури и да ги чувам дома, веројатно ќе бидат фрлени кога ќе умрам. Претпочитам да ги споделам и да ги оставам луѓето да уживаат во нив“, вели 56-годишниот дизајнер на автомобили.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната
Средба Ердоган-Гутереш за регионални и глобални прашања
Зеленски: Европа да избере претставник за разговорите со Русија и САД
Институтот Јунус Емре додели сертификати за турски јазик на вработени во Министерството за одбрана
САД ќе продолжат да му наметнуваат „разорни“ трошоци на Иран, ѝ порача Рубио на групата Г7
Ердоган ветува зајакнување на националното единство на Туркије преку нови иницијативи
Тошковски: „Безбеден град“ се проширува со мобилни камери и контроли на црните сообраќајни точки
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција на новите економски околности
Министерството за правда: По 30 години, нов Кривичен законик
Лавров: Вратата за Ерменија во ЦСТО не е заклучена
Убиецот од Краков ги посетувал страниците за норвешкиот масовен убиец Брејвик
Кушнер од Абу Даби повика на нова безбедносна рамка за Русија, Украина и Европа