| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Лек за висок притисок може да лекува редок бениген тумор на мозокот
Примарниот третман за овие тумори е хируршко отстранување, но тој носи ризици од компликации и повторно растење, што претставува предизвик и за неврохирурзите и за ендокринолозите
Лек за висок притисок може да лекува редок бениген тумор на мозокот
Нашето истражување дава важни идеи за развој на лековите за рак, велат истражувачите од Институтот за генетика и развојна биологија на Кинеската академија на науките / Photo: AP / AP

Научниците открија дека евтин лек за крвен притисок може ефикасно да лекува неканцерозен, но инвазивен тумор на мозокот.

Краниофарингиом е редок, неканцерозен тумор на мозокот во близина на хипофизата и хипоталамусот. Бидејќи влијае на важни делови на мозокот, може да предизвика проблеми со хормоните, проблеми со видот и компликации како што е дијабетесот, објави „Саут чајна морнинг пост“.

Истражувачите од Институтот за генетика и развојна биологија на Кинеската академија на науките го истражуваа растот и третманот на туморот и ги објавија своите наоди во „Science Translational Medicine“.

„Нашето истражување дава важни идеи за развој на лековите за рак“, рече раководителот на студијата Ву Кингфенг, главен истражувач во Институтот за генетика и развојна биологија на Кинеската академија на науките, кој беше цитиран од весникот.

Ву Кингфенг истакна дека истражувањето би можело да биде почетна точка за идната работа за идентификување на клеточното потекло и генските мутации, градењето животински модели, користење на голем скрининг на лекови за идентификување на потенцијалните третмани и користење реверсно транслационо истражување за проучување на механизмот на раст на туморот.

„Студијата би можела да биде водич на идните истражувања за потеклото на клетките, генските мутации, изградбата на животински модели, скринингот на лекови и механизмите за раст на тумори користејќи го реверсното транслациско истражување“, рече тој.

Пациентите со краниофарингиом може да доживеат различни симптоми како што се голема дебелина, дијабетес, проблеми со видот и намалена секреција на хормони, предизвикани од растот на туморот или неговиот третман.

Примарниот третман за овој тумор на мозокот е хируршко отстранување, но тој носи ризици од компликации и повторно растење, што претставува предизвик и за неврохирурзите и за ендокринолозите.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната
Средба Ердоган-Гутереш за регионални и глобални прашања
Зеленски: Европа да избере претставник за разговорите со Русија и САД
Институтот Јунус Емре додели сертификати за турски јазик на вработени во Министерството за одбрана