| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Повеќе од 630 камиони хуманитарна помош во Газа
Заменик-секретарот на ОН за хуманитарни прашања и координатор за вонредни ситуации истакна дека 300 камиони со помош ќе бидат испратени во северниот дел на Газа
Повеќе од 630 камиони хуманитарна помош во Газа
Како дел од Договорот за примирје меѓу Израел и Хамас планирано е секој ден во Газа да пристигнуваат 600 камиони хуманитарна помош / Photo: AA / AA

Обединетите нации објавија дека повеќе од 630 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа на првиот ден од стапувањето во сила на примирјето меѓу Израел и Хамас.

Тоа го потврди и заменик-секретарот на ОН за хуманитарни прашања и координатор за вонредни ситуации Том Флечер.

Тој нагласи дека најмалку 300 камиони со помош ќе бидат испратени во северниот дел на Појасот Газа и дека помошта мора да биде доставена до регионот што е можно поскоро.

„После 15 месеци немилосрдна војна, хуманитарните потреби достигнаа неверојатни нивоа. Нема време за губење“, рече Флечер.

Договорот меѓу Израел и Хамас, кој вклучува размена на затвореници и прекин на огнот во Газа, стапи на сила во неделата.

Поради израелските напади кои траат од 7 октомври 2023 година и тешкотиите наметнати од Тел Авив, 2,3 милиони Палестинци кои живеат во Појасот Газа се соочија со глад и криза со храна.

Како дел од прекинот на огнот, планирано е секојдневно да се доставуваат 600 камиони со хуманитарна помош во Појасот Газа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Првата пловечка соларна електрана во Туркије ќе започне со производство на струја во 2027 година
Грчката опозиција бара одговори од Владата за наводна воена обука со озлогласена израелска бригада
Иран: Четврти танкер за нафта удрил во морска мина и се запалил во Ормускиот Теснец
Шпанија го продолжува родителското отсуство и отсуството поради жалост пред изборите
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Во Белгија отворен најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците