| Macedonian
Експерт за вештачка интелигенција: Најбарано занимање во 2025 година
Експанзијата на вештачката интелигенција занимањето експерт за вештачка интелигенција го лансираше како најбарано и најпрофитабилно во Европската Унија во 2025 година.
Експерт за вештачка интелигенција: Најбарано занимање во 2025 година
Вештачката интелегенција во 2025 година останува во тренд, а технолошката револуција ќе згасне некои стари, но и ќе создаде нови работни места, проценуваат експерите на пазарот на трудот. / Photo: TRT Balkan / TRT Balkan

Вештачката интелегенција во 2025 година останува во тренд, а технолошката револуција ќе згасне некои стари, но и ќе создаде нови работни места, проценуваат експерите на пазарот на трудот.

Експерт за вештачка интелегенција е на врвов на листата на најбараните занимања во 2025 година, според податоците од „Линкд-ин“ (LinkedIn), социјална платформа наменета за поврзување на работодавачите и оние кои бараат работа. Експанзијата на вештачката интелигенција занимањето експерт за вештачка интелигенција го лансираше како најбарано и најпрофитабилно во Европската Унија во 2025 година.

Просечната плата за работниците со такви вештини во земјите на ЕУ се движи од 60 па до 110 илјади евра годишно. Побарувачката е огромна, а се проценува дека во наредните пет години ќе се зголеми за 37 проценти.

Врз основа на најновите истражувања на експерти, вклучувајќи го и „Линкдин“, направена е листа на занимања кои ќе бидат најбарани во наредната година. Доминираат технолошките, а традиционално, на списокот остануваат и занимањата од здравствениот сектор.

По експертите за вештачка интелигенција многу барани и извонредно добро платени во ЕУ наредната година ќе бидат и развивачите на софтвер. За нив платата се движи од 55.000 до 90.000 евра годишно. Особено се бараат експерти за „клауд компјутинг“, чија експертиза е клучна за приспособливоста на современите ИТ-системи. Со исто темпо расте и побарувачката за развивачи на мобилни апликации, со оглед на сè поголемата употреба на паметни телефони.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ОН: Околу 47.000 жени и девојки убиени од интимни партнери или членови на семејството во 2025 година
Гаши од Загреб: Бараме гаранции дека повеќе нема да ни биде блокиран патот кон ЕУ
Првата пловечка соларна електрана во Туркије ќе започне со производство на струја во 2027 година
Грчката опозиција бара одговори од Владата за наводна воена обука со озлогласена израелска бригада
Иран: Четврти танкер за нафта удрил во морска мина и се запалил во Ормускиот Теснец
Шпанија го продолжува родителското отсуство и отсуството поради жалост пред изборите
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Во Белгија отворен најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД