| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Мерц: Европа мора обединето и решително да настапи пред политиките на Трамп
Говорејќи на изборен митинг во Фленсбург, лидерот на десниот центар ЦДУ рече дека Трамп најверојатно ќе започне со потпишување извршни наредби, вклучително и мерки кои би можеле да бидат неповолни за Германија и ЕУ
Мерц: Европа мора обединето и решително да настапи пред политиките на Трамп
Трамп, кој се врати во Белата куќа, постојано ги критикуваше европските сојузници / Фото: DPA / DPA

Германскиот конзервативен кандидат за канцелар Фридрих Мерц ја повика Европи да настапи со обединет и цврст фронт во справувањето со американскиот претседател Доналд Трамп.

Говорејќи на изборен митинг во Фленсбург, лидерот на десниот центар ЦДУ рече дека Трамп најверојатно ќе започне со потпишување извршни наредби, вклучително и мерки кои би можеле да бидат неповолни за Германија и ЕУ.

Тој нагласи дека Европејците мора да се осврнат на политиката на Трамп „Америка на прво место“ со единство и одлучност. „Тоа е прашање на самодоверба“, изјави Мерц. „Ако се замислите да изгледате како џуџе, ќе ве третираат како џуџе. Американците не простуваат во овој поглед“.

Мерц истакна дека населението на Европската унија од 450 милиони го надминува населението на САД и Канада заедно. Тој, исто така, ги призна европските недостатоци од минатото, особено во безбедносната и одбранбената политика.

Трамп, кој се врати во Белата куќа, постојано ги критикуваше европските сојузници дека не ги исполнуваат целите на НАТО за трошоците за одбрана и се закани дека ќе ги повлече САД од НАТО.

Неговите критики за американската воена помош за Украина предизвикаа загриженост кај европските сојузници за идната поддршка на Америка.

Предложените високи тарифи на Трамп за странски увоз се особено загрижувачки за Берлин, бидејќи САД остануваат најголемиот извозен пазар на Германија.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег
Претседателот на Парагвај поднесе оставка под растечки притисок по колапс на банка
Дипломатијата на Блискиот Исток се интензивира во обид да се намалат регионалните тензии
Туркије врати 2,6 милијарди долари на 420.000 инвеститори додека продолжува ликвидацијата на фондови
Опозицискиот лидер Ајзенкот блиску до 67 пратеници по поддршката од арапската Заедничка листа
НБ: Во 2025 и 2026 година нема поголеми трансфери на пари во и кон Србија и Русија преку АЛТА банка
Мицкоски задоволен од Извештајот на ЕК, Рокас порача да ги искористиме можностите
Ердоган: Туркије ќе продолжи со напорите за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина
Во Скопје започна 5. Меѓународен симпозиум за наставата по турски јазик и туркологија на Балканот
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен, законската регулатива е строга
Ерменскиот премиер планира да присуствува на климатскиот самит на ОН во Туркије