| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Трамп помилува 1.500 обвинети за нападот на Капитол Хил
Меѓу бројните наредби кои ги потпиша новиот американски претседател е онаа за повлекување на САД од Парискиот мировен договор и СЗО и укинување на државјанствопто по право на раѓање.
Трамп помилува 1.500 обвинети за нападот на Капитол Хил
Трамп на првиот ден на функцијата укина неколку извршни наредби / Photo: AA / AA

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша неколку извршни наредби на неговиот прв ден од функцијата.

„Првата се однесува на укинување на 78 извршни дејствија од времето на Бајден, извршни наредби, претседателски меморандуми и други“, објави претставник на администрацијата.

Другите наредби се за повлекување на САД од Парискиот климатски договор, враќање на заштитата на слободата на говорот, ставање крај на вооружувањето на владата, регулаторно и замрзнување на вработувањата за владините агенции, враќање на работа лично, и директива за кризни трошоци за живот.

Трамп потпиша извршна наредба и за помилување на речиси 1.500 обвинети за нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година како и за прогласување национална вонредна состојба на јужната граница на САД.

“Секој нелегален влез веднаш ќе биде запрен и ќе започнеме процес на враќање на милиони и милиони криминални странци назад во местата каде што дошле”, рече Трамп.

Меѓу извршните наредби потпишани од Трамп е укинување на државјанството по право на раѓање.

Според 14-тиот амандман на Уставот, секое лице родено на територијата на САД е американски државјанин.

Во Овалната соба, Трамп потпиша и извршна наредба со која картелите и другите организации се означени како странски терористички организации.

„Мексико веројатно не го сака тоа. Мораме да го направиме она што е правилно. Тие го убиваат нашиот народ. Тие убиваат 250.000-300.000 Американци годишно“, рече тој.

Трамп потпиша извршна наредба за повлекување на САД од Парискиот климатски договор.

Тој, исто така, потпиша писмо што ќе биде пренесено до ОН во кое го објаснува повлекувањето од договорот.

Одделно, Трамп, исто така, им нареди на САД да ја напуштат Светската здравствена организација (СЗО).

Трамп рече дека САД платиле 500 милиони долари на телото на ОН.

„Ми се чинеше малку неправедно, па тоа не беше причината, но јас се откажав. Кина плаќа 39 милиони долари, а ние плаќаме 500 милиони долари, а Кина е поголема земја“, рече тој.

Трамп ја врати Куба на листата на спонзори на тероризмот, поништувајќи ја извршната наредба издадена од поранешниот претседател Џо Бајден само неколку дена претходно.

Трамп потпиша извршна наредба во обид да ја одложи забраната за популарната апликација за кратки видеа ТикТок за 75 дена.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЦЕНТКОМ негира дека Иран уништил радари на САД во Бахреин
КOП31 го враќа постепеното укинување на фосилните горива во центарот на разговорите за климата
Во Охрид отворена Четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Поранешниот директор на Нвидиа повикан да сведочи пред Сенатот поради безбедносни прашања
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница