| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Израелската војска уби Палестинец пред очите на сопругата и 3-те деца
Видеото снимено од семејството кое стана вирално на социјалните мрежи го документираше последниот момент на Ахмед Шајеб кога бил застрелан додека возел.
Израелската војска уби Палестинец пред очите на сопругата и 3-те деца
Израелската војска уби Палестинец пред очите на сопругата и 3-те деца / Photo: AA / AA

Израелската Армија синоќа уби Палестинец пред неговата жена и трите деца додека се возеле во автомобил во градот Џенин во северниот окупиран Западен Брег.

Видеото снимено од семејството кое стана вирално на социјалните мрежи го документираше последниот момент на Ахмед Шајеб кога бил застрелан додека возел.

Говорејќи за Анадолу, Башир Матахен, директор за односи со јавноста и медиуми во Општина Џенин, рече дека Ахмед Шајеб со семејството - сопругата и трите деца - се враќал дома кога наишол на снајперски оган на израелската Армија.

Во меѓувреме, Матахен истакна дека над 600 Палестинци побегнале од бегалскиот камп Џенин поради големиот израелски упад во Џенин.

Тој рече и дека раселените лица се во тешки хуманитарни услови без соодветни засолништа, додавајќи дека општината отворила една од своите згради за да ги вдоми.

Службеникот на општината истакна дека израелската Армија наметнува целосна опсада на Џенин и неговиот камп и ги уништува главните патишта.

Според палестинското Министерство за здравство, во вторникот во нападот на израелската војска врз Џенин убиени се 10 Палестинци, а 40 се повредени.

Во соопштението на израелската војска се вели дека операцијата во Џенин, со кодно име „Железниот ѕид“, се очекува да трае неколку дена.

Тензиите низ Западниот Брег се зголемени поради геноцидната војна на Израел на Појасот Газа, каде што се убиени најмалку 47.000 жртви, главно жени и деца, а повеќе од 110.700 се повредени од 7 октомври 2023 година.

Оттогаш, околу 868 Палестинци се убиени, а над 6.700 се повредени во оган на израелската Армија на окупираната територија, според палестинското Министерство за здравство.

Договорот за прекин на огнот и размена на заробеници стапи на сила во неделата во Газа, со што се суспендираше израелската војна на палестинската енклава.

Меѓународниот суд на правдата во јули ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за нелегална и побара евакуација на сите населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

ИЗВОР:AA
Повеќе
КOП31 го враќа постепеното укинување на фосилните горива во центарот на разговорите за климата
Во Охрид отворена Четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Поранешниот директор на Нвидиа повикан да сведочи пред Сенатот поради безбедносни прашања
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци