| Macedonian
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
„Џокер 2“ со седум номинации за „Златна малина“
Наградите „Златна малина“ се доделуваат од 1980 година. Номинациите ги одредуваат 1.000 членови на Фондацијата „Златна малина“, којашто е своевидна пародија на американската Академија за филмски уметности и науки.
„Џокер 2“ со седум номинации за „Златна малина“
„Џокер 2“ со седум номинации за „Златна малина“ / Others

Филмот „Џокер: Лудило за двајца“ доби најмногу – дури седум номинации за наградите „Златна малина“ за најлоши филмски остварувања на годината.

Овие награди, коишто секоја година се објавуваат ден пред „Оскарите“, се доделуваат за најлош филм, глума, сценарио, режија итн. За првиот филм „Џокер“, Хоакин Феникс освои „Оскар“ за неговата главна и насловна улога. 3a „Џокер 2“, oвојпат, тој е номиниран за најлош глумец.

Неговата партнерка во вториот дел, Лејди Гага е номинирана за најлоша глумица.

Сепак, и покрај критиките досега, филмот заработи 200 милиони долари.

На листата на номинации за „Златна малина“ е и „Мегалополис“ на Френсис Форд Копола, како и филмот „Реган“ за поранешниот американски претседател Роналд Реган.

Наградите „Златна малина“ се доделуваат од 1980 година. Номинациите ги одредуваат 1.000 членови на Фондацијата „Златна малина“, којашто е своевидна пародија на американската Академија за филмски уметности и науки. На добитниците на „негативниот оскар“ (кои инаку, честопати и не присуствуваат на доделувањето на анти-наградите) им се дава златно-жолта скулптура од малина која чини 4,79 долари.

„Победниците“ на „Златна малина“ вообичаено се објавуваат ден пред доделувањето на „Оскарите“. Годинава, тоа е датумот 1 март.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија