| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Русија ја отфрла идејата за мировни сили на НАТО во Украина
Кремљ во четвртокот соопшти и дека е подготвен за дијалог со Трамп на рамноправна основа и со взаемно почитување, откако претседателот на САД се закани со нови санкции ако Русија не постигне договор со Украина за прекин на конфликтот
Русија ја отфрла идејата за мировни сили на НАТО во Украина
Портпаролката на руското МНР Захарова ги коментираше неодамнешните изјави на британскиот премиер Стармер и германскиот министер за одбрана Писториус дека нивните земји би можеле да испратат војници во мировните сили во Украина / Photo: AA / AA

Русија во четвртокот ја отфрли идејата земјите-членки на НАТО да испратат мировници во Украина во случај на договор за прекин на огнот во руско-украинската војна, предупредувајќи дека таквиот потег може да доведе до „неконтролирана ескалација“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека идејата е целосно неприфатлива за Русија.

На брифингот со новинарите таа ги коментираше неодамнешните изјави на британскиот премиер Кир Стармер и германскиот министер за одбрана Борис Писториус дека нивните земји би можеле да испратат војници во мировните сили во Украина.

Писториус во интервју за весник на 18 јануари рече дека Германија, најголемиот партнер на НАТО во Европа, „очигледно ќе има улога“ и дека за ова прашање ќе се разговара во догледно време.

Кремљ во четвртокот соопшти и дека е подготвен за дијалог со американскиот претседател Доналд Трамп со взаемно почитување, откако Трамп се закани со нови санкции ако Русија не постигне договор со Украина за прекин на конфликтот.

„Време е да се постигне договор. Не сакам да и наштетам на Русија. Го сакам рускиот народ и отсекогаш сум имал многу добри односи со претседателот Владимир Путин“, напиша Трамп во средата на својата социјална мрежа „Вистина“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот рече дека не гледа „ништо особено ново“ во првичните изјави на Доналд Трамп во врска со Украина.

„Доналд Трамп беше американскиот претседател кој најмногу ги користеше овие методи на санкции. Остануваме подготвени за дијалог, за дијалог на рамноправна основа и со взаемно почитување“, рече Пексов.

„Во неговиот прв мандат имаше таков дијалог со Путин“, оцени тој, додавајќи дека Кремљ се уште чека „сигнали“ во тој поглед од Белата куќа.

Трамп неколку пати изјави дека се подготвува да разговара со рускиот претседател, но не кажа кога тоа би можело да се случи.

Путин изјави и дека е подготвен да се сретне или да разговара со својот американски колега.

Трамп во средата и се закани на Русија со нови санкции доколку „сега“ не склучи договор со Украина за да стави крај на конфликтот што започна пред три години.

„Ако не постигнеме договор, брзо, нема да имам друг избор освен да ги зголемам даноците, тарифите и санкциите за сè што Русија може да им продаде на Соединетите држави, како и на другите земји што ќе се приклучат“, рече Трамп.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година
САД и Русија се спротивставуваат на разговорите за ограничување на автономното оружје