| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Американците повеќе не може да вадат пасоши со „Х“ за нивниот пол
Во извршната наредба на Трамп се вели дека САД признаваат само „два пола, машки и женски“ што ги опишува како „непроменлива биолошка реалност“
Американците повеќе не може да вадат пасоши со „Х“ за нивниот пол
Стејт департментот првпат издаде пасоши со небинарната ознака „X“ во април 2022 година / Фото: AP / AP

мериканскиот Стејт департмент престана да обработува барања за пасоши со ознака за пол „X“ откако претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се признаваат само два пола: машки и женски, пренесува Анадолу.

Според интерна е-порака до која дојде британскиот „Гардијан“, државниот секретар Марко Рубио, во согласност со извршната наредба потпишана од Трамп во понеделникот, ги информирал вработените во Стејт департментот да ги спроведат новите насоки, нагласувајќи: „Политиката на САД е дека полот на индивидуата не може да се смени.“

Во извршната наредба на Трамп се вели дека САД признаваат само „два пола, машки и женски“ што ги опишува како „непроменлива биолошка реалност“.

Во наредбата, со наслов „Заштита на жените од родовиот идеолошки екстремизам и враќање на 'биолошката вистина' во федералната Влада“, се бара владините документи за идентификација, вклучително пасоши, визи и други документи за патување, да го рефлектираат „непроменливото биолошко определување како машко или женско“.

Стејт департментот првпат издаде пасоши со небинарната ознака „X“ во април 2022 година.

Вчера вработените во Стејт департментот беа известени да „го суспендираат секое барање за пасош со ознака за пол 'Х'“ и да „го суспендираат секое барање за промена на ознаката за пол“ во согласност со извршната наредба, според „Гардијан“.

Интернет-страницата „NOTUS“, цитирајќи извори од Белата куќа, пренесува дека извршната наредба од понеделникот не се применува ретроактивно и не ги поништува постојните пасоши, но дека со новата извршна наредба мора да стои полот кој е одреден при раѓање.

Анадолу се обрати до Стејт департментот за коментар, но не доби веднаш одговор.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ердоган: Братските односи меѓу Туркије и Азербејџан се нераскинливи, никој не може да ги поткопа
Претседателот на КОП31, Мурат Курум, повика климатските ветувања да се преточат во реалност
Фон дер Лајен: Мора да се обнови и зачува слободата на пловидба во Црното Море
Рубио: Дипломатски договор со Иран можеби нема да биде можен
Зеленски: ЕУ ќе употреби итен механизам за да испорача помош за Украина
Трамп очекува од Нетанјаху да го спроведе планот за Газа откако завршија изборите
Директорот на Нвидиа соочен со истрага поради љубовна афера со наводна кинеска шпионка
Јапонија испраќа воена помош за Филипините во Источнокинеското Море
Во Аргентина уапсен маж поради закани кон папата Лав XIV пред неговото пристигнување
Напаѓачот од Полска им подлегна на раните по престрелката со полицијата
Трамп размислува да остане неутрален во изборот на негов наследник меѓу републиканците во 2028
Трагедија на Крит: 12 мигранти пронајдени мртви, повеќе од 100 спасени
Кина ја продолжува суспензијата на дополнителните царини за увоз од САД за 2 месеци
Анкара и Багдад ја потврдуваат посветеноста кон ставање крај на присуството на ПКК во Синџар
Пожар во зграда однесе 14 животи во северна Кина