Официјален Израел во петокот соопшти дека повлекувањето на неговите сили од јужен Либан може да потрае подолго од рокот од 60 дена, наведен во договорот за прекин на огнот.
Во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер се наведува дека „процесот на повлекување е условен со распоредување на либанската армија во јужен Либан и целосно и ефективно спроведување на договорот, додека Хезболах се повлекува северно од реката Литани“.
Нетанјаху рече дека бидејќи Либан „сè уште не ги исполнил целосно“ своите обврски од примирјето, „фазата на повлекување ќе продолжи, во целосна координација со САД“.
Нетанјаху изјави дека условите од договорот се формулирани „со разбирање дека процесот на повлекување може да трае подолго од 60 дена“.
Претходно во петокот, израелската армија влезе во јужните градови Аитарун и Кантара, каде уништи имот и локална џамија, според извештајот на либанската национална новинска агенција.
Со последните прекршувања на договорот за прекин на огнот од 27 ноември 2024 година до сега го доведоа вкупниот број на прекршувања од Израел на 633.
Според договорот за прекин на огнот, израелската армија мора да го заврши повлекувањето од јужен Либан во рок од 60 дена, рок кој истекува во недела.






















