| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Палестинец ја прегрна мајка си по неколкумесечна разделба
Утринава илјадници Палестинци почнаа да се враќаат во северниот дел на Појасот Газа како дел од прекинот на огнот помеѓу Израел и палестинската група Хамас што стапи на сила на 19 јануари
Палестинец ја прегрна мајка си по неколкумесечна разделба
Палестинските активисти на социјалните мрежи поставија снимки од луѓе што скандираат и прославуваат додека се враќаат во своите области / Photo: AA / AA

Рано утринава започна враќањето на десетици илјади Палестинци, кои се раселени поради нападите на Израел врз Појасот Газа, во нивните домови на север.

На снимката е прикажан Палестинец, кој бил принуден да мигрира во јужна Газа, кој по добиената дозвола сега се враќа на север, каде што повторно ќе биде со мајка му по неколкумесечната разделба.

Утринава илјадници Палестинци почнаа да се враќаат во северниот дел на Појасот Газа како дел од прекинот на огнот помеѓу Израел и палестинската група Хамас што стапи на сила на 19 јануари.

Според сведоците и дописникот на Анадолу од терен, од 7 часот наутро по локално време илјадници луѓе се движат пешки кон северна Газа по крајбрежната улица Ал-Рашид.

Палестинските активисти на социјалните мрежи поставија снимки од луѓе што скандираат и прославуваат додека се враќаат во своите области.

Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 19 јануари, со што е запрена геноцидната војна на Израел во која се убиени речиси 47.300 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се повеќе од 111.400 од 7 октомври 2023 година.

Првиот ден од прекинот на огнот Израел ослободи 90 палестински затвореници во замена за тројца израелски заробеници што ги ослободи Хамас.

Втората група од 200 палестински затвореници беше ослободена на 25 јануари.

Во договорот за прекин на огнот во три фази е предвидена размена на затвореници и одржлива смиреност, со цел за трајно примирје и повлекување на израелските сили од Газа.

Во израелските напади исчезнаа 11.000 луѓе, предизвикани се широко распространето уништување и хуманитарна криза во кои животот го загуби огромен број постари луѓе, жени и деца.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата