| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Фидан: Централниот коридор најсигурен и најбрз трговски пат
Најсигурна, најбрза и најекономична рута меѓу Азија и Европа е коридорот Централна Азија - Касписко Море - Јужен Кавказ - Туркије, рече турскиот МНР Фидан на заедничката прес-конференција со неговите колеги од Азербејџан и Узбекистан
Фидан: Централниот коридор најсигурен и најбрз трговски пат
Шефот на турската дипломатија соопшти дека на крајот на трилатералната средба е потпишана Декларацијата од Анкара / Photo: AA / AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во средата го поздрави Централниот коридор како најсигурен, најбрз и најисплатлив трговски пат што ги поврзува Азија и Европа.

„Најсигурна, најбрза и најекономична рута меѓу Азија и Европа е коридорот Централна Азија - Касписко Море - Јужен Кавказ - Туркије“, рече Фидан на заедничката прес-конференција со неговите колеги од Азербејџан и Узбекистан.

Фидан истакна дека синџирите на снабдување ширум светот се нарушени поради пандемијата КОВИД-19, војната меѓу Русија и Украина и неодамнешните случувања на Блискиот Исток.

Наведувајќи дека најголем обем на трговија во светот се одвива меѓу Азија и Европа, Фидан нагласи:

„Туркије, Азербејџан и Узбекистан се во срцето на оваа рута“.

Прес-конференцијата беше одржана по вториот трилатерален состанок на министерствата за надворешни работи, транспорт и трговија на Тукије, Азербејџан и Узбекистан.

Шефот на турската дипломатија соопшти дека на крајот на трилатералната средба е потпишана Декларацијата од Анкара.

Туркије, Азербејџан и Узбекистан ја потврдија меѓусебната поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на меѓународните граници во Декларацијата од Анкара.

Декларацијата од Анкара, исто така, ја нагласи важноста да се придонесе за реконструкција и рехабилитација на Азербејџан, вклучително и активности за деминирање во Карабах и Источен Зангезур.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ