| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Туркије ќе продолжи да ја разоткрива реалната состојба во Газа
На средбата со претседателот на Советот на Хамас, Мухамед Дервиш, во претседателскиот комплекс во Анкара, Ердоган изрази надеж за успешно завршување на втората и третата фаза од прекинот на огнот
Ердоган: Туркије ќе продолжи да ја разоткрива реалната состојба во Газа
Ердоган истакна дека 471-дневната борба на Хамас во Газа потврди дека духот на отпорот ќе опстои, пофалувајќи ги напорите на групата / Photo: AA / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес порача дека Анкара ќе продолжи да ја разоткрива реалната состојба во Газа, каде што на 19 јануари стапи на сила прекин на огнот, соопшти Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство.

На средбата со претседателот на Советот (Шурата) на Хамас, Мухамед Дервиш, во претседателскиот комплекс во Анкара, Ердоган изрази надеж за успешно завршување на втората и третата фаза од прекинот на огнот, што на крајот ќе доведе до целосно повлекување на израелските сили од Газа и ќе започне нејзината обнова.

Ердоган истакна дека 471-дневната борба на палестинската група (Хамас) во Газа потврди дека духот на отпорот ќе опстои, пофалувајќи ги напорите на групата.

Израел уби над 47.000 Палестинци, главно жени и деца, во Газа од 7 октомври 2023 година и ја остави енклавата во урнатини.

На средбата присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, шефот на разузнавањето Ибрахим Калин, главниот советник на претседателот Акиф Чагатај Килич и други официјални претставници.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Властите во Рас Ал Хаима повторно отворија седум плажи по излевањето нафта
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност
Туркије регистрираше 102 производи со географска ознака во првите 10 месеци од 2026 година
Курум од КОП31 предупредува: Ниту една земја не може сама да се соочи со климатската криза