| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
ФФМ: ВАР системот во МФЛ треба да започне од почетокот на сезоната 2025/26
ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. ФФМ веќе ги извести УЕФА и ФИФА за отпочнувањето на имплементациските активности во ФФМ.
ФФМ: ВАР системот во МФЛ треба да започне од почетокот на сезоната 2025/26
ФФМ: ВАР системот во МФЛ треба да започне од почетокот на сезоната 2025/26 / Others

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите поврзани со системот за помош на судиите преку видео-технологија.

ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. Фудбалската федерација на Македонија веќе ги извести УЕФА и ФИФА за отпочнувањето на имплементациските активности во ФФМ.

Дејан Јакимовски - проектен лидер за имплементација на ВАР информираше дека е одржан првичниот онлајн состанок со ФИФА и дека веќе се дефинирани дел од важните постапки за имплементација на ВАР системот во МФЛ.

„Според првичниот план и динамиката на активности, планирано е да започнеме со употреба на видео-технологијата од следната натпреварувачка сезона. Прва МФЛ, Куп на Македонија (од 1/4 финална фаза), Куп на Македонија (финале - жени) и бараж натпревари за Прва МФЛ се натпреварувањата кои ќе бидат опфатени. Нашата намера е да имплементираме централизиран ВАР систем, посебна просторија во ФФМ, а во зависност од понудите на ВАР провајдерите ќе се започне со употреба на најмногу шест камери по натпревар.

Тоа што, исто така, е исклучително важно за нас, вели Јакимовски, е тоа што е започнале со плановите за едукација на ВАР судии.

„На почеток на месец март во Скопје ќе организираме дводневна работилница на која ќе учестуваат експерти од ФИФА, нашиот проектен тим, судиската и натпреварувачката комисија во ФФМ и останати лица вклучени во проектот“, информира Јакимовски.

Во периодот кои следува ќе следуваат и активности поврзани со нова битна работа за имплементација на ВАР системот, а тоа е инфраструктурата на стадионите, односно потврдување на минимум потребните услови што секој стадион ќе мора да ги исполни за да добие лиценца, односно дозвола за одигрување на натпревари.

Лиценцирањето на стадионите, централизираните ВАР соби и ВАР судиите го врши единствено ФИФА,

Во ВАР проектниот тим во Фудбалската федерација на Македонија се вклучени уште Димитар Мечкаровски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски и Никола Караколев.

Имплементацијата на ВАР системот во МФЛ претставува значаен чекор кон подобрување на правичноста и транспарентноста во носењето на судиските одлуки на натпреварите и зајакнување на духот на фер-плејот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Претседателот на Парагвај поднесе оставка под растечки притисок по колапс на банка
Дипломатијата на Блискиот Исток се интензивира во обид да се намалат регионалните тензии
Туркије врати 2,6 милијарди долари на 420.000 инвеститори додека продолжува ликвидацијата на фондови
Опозицискиот лидер Ајзенкот блиску до 67 пратеници по поддршката од арапската Заедничка листа
НБ: Во 2025 и 2026 година нема поголеми трансфери на пари во и кон Србија и Русија преку АЛТА банка
Мицкоски задоволен од Извештајот на ЕК, Рокас порача да ги искористиме можностите
Ердоган: Туркије ќе продолжи со напорите за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина
Во Скопје започна 5. Меѓународен симпозиум за наставата по турски јазик и туркологија на Балканот
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен, законската регулатива е строга
Ерменскиот премиер планира да присуствува на климатскиот самит на ОН во Туркије
Џ.Д. Венс ја реогранизира американската десница и разочараните гласачи на Трамп
Обединетиот јудаизам на Тора одбива да го поддржи Нетанјаху за премиер
Медведев: Резултатите од изборите во САД нема непосредно да влијаат врз Русија
Зеленски се надева дека победата на демократи ќе донесе дополнителна поддршка за Украина
Се очекуваат до 780.000 демонстранти низ Франција, при што е распоредено големо полициско присуство