| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Хрватска: Седумдневен бојкот на купување вода, детергент и газирани сокови
Еден од малопродажните синџири објави дека во соработка со хрватските добавувачи инвестирале дополнителни милион евра во намалување и заклучување на цените на 250 домашни производи кои не се вклучени во одлуката на владата за ценовни ограничувања
Хрватска: Седумдневен бојкот на купување вода, детергент и газирани сокови
Во петокот, во Хрватска беше одржан еднодневен бојкот на купувањето, што предизвика пад на издадените сметки за 53 отсто во однос на истиот период седум дена претходно / Photo: AA Archive / AA Archive

Во Хрватска денеска започна еднонеделниот бојкот на шопинг во три трговски синџири, а граѓаните се повикуваат да не купуваат газирани пијалоци, флаширана вода и детергенти.

Неделниот бојкот се спроведува на покана на Платформата „Ало, инспекторе“, која најави низа активности за бојкот во наредниот период.

Јосип Келемен, советник на платформата за потрошувачи „Ало, инспекторе“, рече дека потрошувачите се заинтересирани за нов бојкот и дека тоа ја покажува силата на луѓето кои сакаат да го променат пазарот и да се соочат со нови поскапувања.

„Сакаме да испратиме уште посилна порака конечно да започнеме со регулирање на хрватскиот пазар и да започнеме надзорни механизми“, посочува Келемен.

Тој додаде дека ова е и начин да се изрази незадоволството од новите поскапувања.

Еден од малопродажните синџири во четвртокот објави дека во соработка со хрватските добавувачи инвестирале дополнителни милион евра во намалување и заклучување на цените на 250 домашни производи, кои не се вклучени во најавената одлука на хрватската Влада за ограничување на цените.

Како што посочуваат во соопштението, од сабота, 01.02.2025 година, покрај списокот на производи чии цени се ограничени од хрватската Влада, цените на дополнителни 250 производи ќе бидат намалени и заклучени и нема да се менуваат до 1. јуни 2025 година, освен што може дополнително да се намалат.

Просечниот попуст е околу 10 отсто, а на некои производи и повеќе од 30 отсто.

Минатата недела, во петокот, во Хрватска беше одржан еднодневен бојкот на купувањето, што предизвика пад на издадените фактури за 53 отсто во однос на истиот период седум дена претходно.

Повеќедневни кампањи за бојкот на набавките во одредени трговски синџири се спроведуваат и во Словенија, додека еднодневен бојкот ќе се одржи во петок, 31 јануари, во Словенија и Хрватска, како и во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ