| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Меѓународниот балкански универзитет ја отвори „ИБУ Халкбанк библиотека“
Меѓународниот балкански универзитет е одличен пример каде може да се спојат културите и традициите,  иднината не е само за Македонија или Туркије, туку иднината на светот е во развивање на силни човечки ресурси, изјави министерката Јаневска
Меѓународниот балкански универзитет ја отвори „ИБУ Халкбанк библиотека“
Ректорот Сунар го сподели својот ентузијазам за новиот објект, истакнувајќи ја неговата огромна вредност за универзитетот и неговата улога во унапредувањето на академското искуство / Photo: AA / AA

Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје денес ја отвори својата нова библиотека, „ИБУ Халкбанк библиотека“ (IBU HalkBank Library), современ простор за едукација, финансиран со голема поддршка од Халкбанк Скопје.

На отворањето присуствуваа министерката за образование и наука на Северна Македонија, Весна Јаневска, претседателот на Управниот одбор на ИБУ, Сулејман Оздил, ректорот на ИБУ, проф. д-р Лутфи Сунар и генералниот директор на Халкбанк Туркије, Осман Арслан, амбасадорот на Република Туркије во Северна Македонија, Фатих Улусој, други претставници од Халкбанк Туркије, генералниот директор на Халкбанк Скопје, Билал Сучубаши, како и претставници на академската фела, политичари, пратеници, претставници на различни организации, медиуми, НВО и бизнис заедницата.

Министерката Јаневска во својот говор го истакна значењето на академските инвестиции во обликувањето на иднината:

„Меѓународниот балкански универзитет е одличен пример каде може да се спојат културите и традициите. Имаме многу заеднички култури и традиции и добро е студентите да ги споделуваат меѓусебно. Иднината не е само за Македонија или Туркије, туку иднината на светот е во развивање на силни човечки ресурси или голем човечки капитал.“

Ректорот Сунар го сподели својот ентузијазам за новиот објект, истакнувајќи ја неговата огромна вредност за универзитетот и неговата улога во унапредувањето на академското искуство: „Со збирка од десет илјади печатени книги и сто илјади е-книги, најсовремениот дигитален пристап и разните простории за учење, оваа библиотека ќе биде светилник на знаењето за сите кои влегуваат низ нејзините врати“, истакна тој.

Претседателот на Управниот одбор на ИБУ, Сулејман Оздил, од своја страна ја истакна мисијата на универзитетот како непрофитна фондација посветена на развојот на човечките ресурси и во Северна Македонија и во Туркије. Тој ја истакна посветеноста на ИБУ не само за академски успех, туку и за социјален развој и културна соработка.

Како што беше истакнато од ИБУ, дизајнирана да создаде оптимална средина за учење, оваа библиотека ќе биде клучна за студентите и академската фела.

„ИБУ Халкбанк библиотеката е извонредна академска инвестиција, дизајнирана да ги поттикне креативноста и интелектуалниот развој. Библиотеката ветува да ги подобри образовните ресурси на универзитетот, поддржувајќи динамична заедница на студенти, наставници и истражувачи“, се наведува од ИБУ.

Инаку, библиотеката содржи работни простории за 300 лица, големи колекции на книги и модерни студиски зони, како и посебен дел за академски истражувања.

„Со овој нов чекор, ИБУ презема уште еден чекор кон потврдување на својот статус како водечка институција во регионот, нудејќи им на студентите алатки кои им се потребни за академски и професионален успех“, се порачува од Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ).

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег
Претседателот на Парагвај поднесе оставка под растечки притисок по колапс на банка
Дипломатијата на Блискиот Исток се интензивира во обид да се намалат регионалните тензии
Туркије врати 2,6 милијарди долари на 420.000 инвеститори додека продолжува ликвидацијата на фондови
Опозицискиот лидер Ајзенкот блиску до 67 пратеници по поддршката од арапската Заедничка листа
НБ: Во 2025 и 2026 година нема поголеми трансфери на пари во и кон Србија и Русија преку АЛТА банка
Мицкоски задоволен од Извештајот на ЕК, Рокас порача да ги искористиме можностите
Ердоган: Туркије ќе продолжи со напорите за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина
Во Скопје започна 5. Меѓународен симпозиум за наставата по турски јазик и туркологија на Балканот
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен, законската регулатива е строга
Ерменскиот премиер планира да присуствува на климатскиот самит на ОН во Туркије
Џ.Д. Венс ја реогранизира американската десница и разочараните гласачи на Трамп