| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
ОЈО побара нов притвор за газдата на Пулс откако го осомничи дека дал мито да добие лиценца
Соопштението на ОЈОГОКК доаѓа на два дена пред истекот на притворот на Јованов во врска со обвинението за катастрофалниот пожар во дискотеката во кој загинаа 63 лица, со што се отвора можноста сопственикот на Пулс да остане во притвор
ОЈО побара нов притвор за газдата на Пулс откако го осомничи дека дал мито да добие лиценца
Јованов понуди 12 милиони денари во недвижен имот како гаранција дека нема да побегне откако ќе излезе од притвор

Сопственикот на дискотеката Пулс, Дејан Јованов Деко е осомничен дека дал поткуп на службено лица во Министерството за економија да му обезбеди лиценца за работа на кабарето, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Соопштението на ОЈОГОКК доаѓа на два дена пред истекот на притворот на Јованов во врска со обвинението за катастрофалниот пожар во дискотеката во кој загинаа 63 лица, со што се отвора можноста сопственикот на Пулс да остане во Истражниот затвор Скопје.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело - Давање поткуп од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање за лиценца и во услови кога знаел дека неговиот објект не исполнувал законски услови“, соопшто ОЈО.

Од Обвинитеството додаваат дека поради опасност од бегство на осомничениот за ова кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, како и фактот дека против него се води уште една кривична постапка за Тешки дела против општата сигурност, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

„Имено, осомничениот до сега беше обезбеден како обвинет во друга постапка. Но, со оглед на тоа што во однос на тоа дело истекуваат законските рокови за обезбедување, а јавниот обвинител од ОЈОГОКК продолжува да прибира докази во однос на дејствијата на поткуп, тој процени дека ризиците за обезбедување на осомничениот се големи и побара да му биде определена притворска мерка. Јавното обвинителство оценува дека притворот е апсолутно неопходна мерка за обезбедување на присуството на овој осомничен, ценејќи ги сите околности и основи“, соопшти Обвинителството.

Според ОЈОГОКК, службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка за дејствија на примање поткуп.

„Доцна попладнево до Судот од Обвинителството е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов, кој веќе е во притвор за предметот поврзан со пожарот во Кочани. По него ќе се постапува во текот на утрешниот ден“, соопштија вечерва од Основниот кривичен суд Скопје

Газдата на Пулс требаше да излезе од притвор на 3 октомври, до кога му беше последното продолжување на притворот, со оглед на законската одредба дека може да ја издржува мерката најмногу една година од оцената на обвинителниот акт.

Јованов понуди 12 милиони денари или околу 200 илјади евра во недвижен имот како гаранција дека нема да побегне откако ќе излезе од притвор.

Тој е првообвинет во постапката во која се опфатени 35 лица како директни виновници за трагедијата во Кочани со правни дејствија од 2012 година до моментот на кобната ноќ, бидејќи не презеле соодветни дејствија да го спречат нелегалното работење на дискотеката Пулс и дека преку коруптивни дејства издавале фалсификувани лиценци и елаборати овој објект да продолжи да функционира.


Повеќе
Македонското минерално богатство со долгорочна развојна рамка до 2046 година
Албанија и Израел потпишаа договор за зајакнување на билатералните односи
Кос: Законот за специјализираните совети е во спротивност со обврските на Косово кон ЕУ
Во скопската Општина Чаир турскиот јазик веќе 13 години се користи како службен јазик
Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Неџад еф. Грабус избран за нов реисул-улема на Исламската заедница во БиХ
Виртуози на кавал, чувари на македонската фолклорна традиција
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Хрватска: Уапсени неколку лица под сомнение за организиран криминал и нелегално отстранување отпад
Муцунски на средба со Петрова Чамова: Позициите со Бугарија по суштинските прашања и натаму далечни
Обвинителство не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претедателката Силјановска Давкова
Сите 63 рудари од Трепча излегоа безбедно на површина
Муцунски од Софија: Коридорот 8 е повеќе од транспортна маршрута, ги поврзува Јадранот и Црното Море
Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
ЕУ повикува на брзо формирање на власта во БиХ по одржаните избори
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Туркије, Алпер Акташ