| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Турскиот одбранбен гигант Аселсан потпиша рекордни договори за извоз вредни 1,3 милијарди долари
Во периодот од првите шест месеци од 2025 година, приходите на компанијата достигнале 53,7 милијарди турски лири, што претставува пораст од 11,3 % во однос на истиот период минатата година
Турскиот одбранбен гигант Аселсан потпиша рекордни договори за извоз вредни 1,3 милијарди долари
Пазарната капитализација на Аселсан ја надминала вредноста од 21 милијарда долари / Reuters
6 август 2025

Турската одбранбена компанија Аселсан вчера објави дека во првите шест месеци од 2025 година потпишала директни и индиректни договори за извоз во вредност од 1,3 милијарди долари, продолжувајќи ја својата стратегија за извозно ориентиран раст со „решителност“.

Во периодот од првите шест месеци од 2025 година, приходите на компанијата достигнале 53,7 милијарди турски лири (1,32 милијарди долари), што претставува пораст од 11,3 % во однос на истиот период минатата година. Овој раст, според Аселсан, е резултат на континуираните испораки во области како што се противвоздушна одбрана, електрооптика, радари, авијација, електронско војување, безбедносни и вооружени системи.

Во првата половина на годината, компанијата склучила нови договори во вредност од 2,8 милијарди долари, што е зголемување од 10 % во споредба со истиот период минатата година. Вредноста на активните нарачки се зголемила за 30 %, достигнувајќи 16 милијарди долари.

Оперативната добивка пред камати, даноци, амортизација и отписи (EBБИТДA) се зголемила за 15 % на 319,7 милиони долари, со маргина од 25 %, додека „Book-to-Bill“ односот изнесувал 2 (односот на примени нарачки кон наплатени за одреден период), што ја позиционира компанијата над индустрискиот просек.

Во истиот период, вложувањата во истражување и развој пораснале за 42 %, достигнувајќи 572 милиони долари, додека вложувањата во инфраструктура се зголемени дvojno, односно 100 %, достигнувајќи 104 милиони долари.

Главниот извршен директор на Аселсан, Ахмет Акиол, истакна дека со програмата Аселсан некст, започната во 2024 година, компанијата добила силен финансиски замав.

„Нашите резултати од вториот квартал уште еднаш потврдија дека го задржавме овој импулс во првата половина од 2025 година“, рече Акиол.

„Можеме да истакнеме три клучни фактори зад овој успех: прво, фокусирање на високотехнолошки производи и брзо лансирање на производи; второ, подобрувања на ефикасноста; и трето, напори за локализација“, истакна тој.

Според Акиол, пазарната капитализација на Аселсан ја надминала вредноста од 21 милијарда долари, што ја одразува довербата на инвеститорите и нивната верба во долгорочниот потенцијал на компанијата.

„Ќе продолжиме да напредуваме со истата решителност во втората половина од годината. Ќе го одржиме нашето истражување и развој и инвестиции, особено зголемувањеto на нашиот сериски производствен капацитет во критични области како што се воздушна одбрана, радар, паметна муниција, системи за водење и електрооптика. Со нашата стратегија за раст ориентирана кон извоз, ќе се прошириме на нови пазари“, додаде тој.

Повеќе
Курти: Депортирани мигранти пристигнуваат во Косово од САД според договорот со Трамп
Москва: Предлозите на ЕУ за користење на руски имот се нелегални
ЕУ ќе ги замрзнува руските средства на потрајна основа
Сириза ја повика грчката влада да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел
Јапонија го укина предупредувањето за цунами по силен земјотрес
Тајланд го распушти парламентот за предвремени избори
Претставничкиот дом на САД ја отфрли иницијативата за импичмент на Трамп
Туркменистан е домаќин на меѓународен форум по повод 30-годишнината од неговата трајна неутралност
Ердоган: Туркије е посветена на промовирање на мирот и дијалогот
Албанските граѓани протестираа во Тирана против корупцијата и сиромаштијата
ЕК предлага мерки за намалување на трошоците за енергија и зголемување на енергетската независност
ДЗС: Зголемен бројот на туристи и ноќевања
Димитриеска-Кочоска во Истанбул: Влегуваме во нова фаза на економска трансформација
Зеленски: САД е за примирје само по рамковниот договор, Туркије прави напори за енергетско примирје
Лавров: Русија нема агресивни планови кон ЕУ и НАТО, подготвени сме да гарантираме писмено