| Macedonian
Цената на биткоинот падна на околу 60.000 долари
Намалена е институционалната побарувачка, при што „спот“ биткоин ЕТФ-фондовите забележаа нето-одлив од 4,14 милијарди долари, што негативно влијаеше врз расположението на пазарот
Цената на биткоинот падна на околу 60.000 долари
Цената на биткоинот падна на околу 60.000 долари / Reuters (Wire)
 

Биткоинот се приближи до прагот од 60.000 долари, под притисок на континуираниот одлив на средства од „спот“ фондовите со кои се тргува на берза (ЕТФ), како и поради слабењето на поширокиот пазар на криптовалути, јавува Анадолу.

Водечката криптовалута забележа пад од 1,95 отсто во последните 24 часа, достигнувајќи цена од 60.358 долари, следејќи го падот од 1 отсто на целокупниот пазар на дигитални средства.

Во текот на изминатата година, вредноста на овој токен е намалена за 30,5%.

Вкупната вредност на глобалниот пазар на криптовалути се намали за 1,05% на 2,08 билиони долари, додека вториот најголем токен, етериумот, исто така забележа пад од 0,17% во последните 24 часа, и со него се тргуваше по цена близу 1.698 долари.

Овој месец се намали и институционалната побарувачка, при што „спот“ биткоин ЕТФ-фондовите забележаа нето-одлив од 4,14 милијарди долари, што негативно влијаеше врз расположението на пазарот.

Пазарните аналитичари истакнаа дека иако немаше некој конкретен нов настан што го предизвика денешниот пад, постојаното повлекување средства и општата претпазливост на пазарот продолжуваат да вршат притисок врз оваа криптовалута.

Повеќе
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија