| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Урсула фон дер Лајен во Скопје на средби со македонскиот државен врв
Посетата е во рамки на балканска турнеја која ќе ги опфати и Албанија, Косово и Црна Гора. Србија и Босна и Херцеговина не се на агендата поради изборите во овие две земји.
Урсула фон дер Лајен во Скопје на средби со македонскиот државен врв
European Commission President Ursula von der Leyen

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска доаѓа во Скопје на средби со македонскиот државен врв. Tаа ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Планирана е прес – конференција со премиерот Мицкоски.

Се очекува на средбите со Мицкоски и Сиљановска Давкова, една од клучните теми на разговор да биде македонската европерспектива и застојот во евроинтегративните процеси во контекст на уставните измени.

Пред доаѓањето на фон дер Лајен во Скопје имаше најави и за промени на политиката на Европската унија во однос на земјите кандидатки за членство со „постепена интеграција“ во единствениот пазар, вклучувајќи трговија без бариери и пристап до истражувачки програми, а процесот на пристапување да продолжи.

Сето ова би можело да биде одземено ако назадуваат демократските процеси или ако земјите  споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади.

Посетата на фон дер Лајен е дел од бејзината балканска турнеја во која ќе ги посети и Албанија, Црна Гора и Косово. Босна и Херцеговина и Србија не се на агендата на еврокомесарката поради изборите во овие две земји.

Повеќе
Шведската политичарка Андерсон неуспешна во најновиот обид за формирање влада
Цената на бензините и дизелот останува иста, поскапува само мазутот
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Нетанјаху нареди гонење на војниците кои ги открија масовните убиства во Газа во документарецот НАЗА
Наезда од креветни бубачки го откажа летот на „Квантас“ од Рим за Перт
Фон дер Лајен ги осуди нападите со дронови кај Бугарија
Јорданскиот крал Абдула Втори пристигна во Австралија на прва посета по една деценија
Северна Кореја потврди тест на тактичка балистичка ракета
Куртулмуш: Туркије мора да го зајакне својот внатрешен фронт во услови на регионалната нестабилност
Туркије го повика Израел да ги запре „непромислените“ напади во Сирија
Австралискиот премиер го нарече „одвратен“ планот на САД за пренос на погубување во живо
Црна Гора затвори уште три преговарачки поглавја во процесот на пристапување кон Европската Унија
Повторно дронови нападнале два брода во близина на Бугарија, еден потонал
Мелони ја повика ЕУ да најде долгорочно решение за високите цени на енергијата
Трамп не верува оти Кина и Русија му помагаат на Иран