Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против селекцијата на Кипар во двомеч за опстанок во Б Лигата на Нации, по денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Ждрепката беше поволна за нашите фудбалери, па реално може да се надеваат и во нареднииот циклус во Лигата на Нации повторно да играат во Б сегментот во ова натпреварување.
Мечевите се закажани за крајот на март, а првиот меч се игра на гости, за да реваншот го играме како домаќини.
Репрезентацијата во изминатиот циклус настапи во групата 1 во Б Лигата на Нации и заврши како последна, со шест порази во исто толку натпревари со гол разлика 1:15, па сепак, има шанса низ бараж двомеч со Кипар да избори опстанок.
Во четвртфиналето на Лигата на Нации ќе играат:
Шпанија - Франција
Норвешка - Англија
Холандија - Португалија
Белгија - Германија
Извлечени двојките за плејофот помеѓу лигите А и Б:
БиХ - Данска
Унгарија - Србија
Ирска - Хрватска
Словенија - Велс
Извлечени двојките за плејофот помеѓу лигите Б и Ц:
Кипар - Северна Македонија
Естонија - Романија
Фарски Острови - Грузија
Белорусија - Израел



















