БДП на Туркије ќе достигне 1,6 билиони долари во 2026 година, изјави турскиот министер за трговија Омер Болат за време на својот говор на Бизнис форумот Туркије-Азербејџан-Грузија.
Министерот истакна дека оваа бројка е шест пати поголема отколку во 2002 година, кога претседателот Ердоган дојде на власт.
Форумот се одржа во Цинандали, Грузија, во четврток.
Болат додаде дека БДП на земјата по глава на жител ќе достигне 18.000 долари оваа година, а бројката е пет и пол пати поголема од бројката во 2002 година, што ја прави Туркије петта најголема економија во Европа.
Министерот го опиша собирот како „Давос на Кавказ“, истакнувајќи дека носи многу можности за зголемување на билатералните односи на владино ниво и меѓу претставниците на бизнисот.
Болат рече дека Кавказ е регион „каде што се спојуваат различни култури“ и служи како „важна транзициска точка помеѓу Исток и Запад, како и помеѓу Север и Југ“.
Тој истакна дека Туркије, Азербејџан и Грузија се наоѓаат „во самиот центар на светските енергетски трансфер и логистички рути“ поради нивната геостратешка положба.
Министерот изрази „големи надежи за зголемена меѓународна трговија“ и инвестициска соработка во сектори како што се „пристанишните операции, работење на авиокомпании, ИТ и вештачка интелигенција“.
Болат ја подвлече одговорноста на функционерите „да го отворат патот и да ги исчистат мините на патот за бизнисите“ да постигнат „многу поблиска економска интеграција“.















