| Macedonian
Вештачката интелигенција во 2025 година- меѓу огромни инвестиции и страв од ВИ меур
Ерата на неограничена доверба во идните приноси на ВИ завршува, а 2026 година ќе одлучи дали технологијата ги исполнува очекувањата или ќе ги соочи инвеститорите со реалноста и кризата што би го надминала „пукањето на дот-ком меурот“ од 2000 година
Вештачката интелигенција во 2025 година- меѓу огромни инвестиции и страв од ВИ меур
Компаниите што развиваат вештачка интелигенција се соочија со повеќе од 50 тужби за повреда на авторски права / AA

Индустријата за вештачка интелигенција доживеа драматични скокови на инвестициите во текот на 2025 година, но и страв од потенцијално преценување на акциите на компаниите поврзани со вештачката интелигенција, особено кон крајот на годината.

Oпен АИ собра капитал од 40 милијарди долари со проценка од 300 милијарди долари, додека стартапи како Сејф Суперинтелиџенс (Safe Superintelligence) и Тинкинг Машине Лабс (Thinking Machine Labs) обезбедија инвестиции од милијарди долари пред дури и да лансираат производ.

Meтa потроши речиси 15 милијарди долари за таленти и инфраструктурни ресурси, при што вкупната планирана потрошувачка во секторот за инфраструктура на вештачката интелигенција достигна приближно 1,3 билиони долари.

Таквата експанзија, иако импресивна, ги зголемува ризиците, бидејќи бројните инвестициски циклуси стануваат меѓузависни преку инфраструктура, чипови и договори во облак, објавува TечКранч (TechCrunch).

Фирмите почнуваат да се соочуваат со проблеми со инфраструктурата и енергетските ресурси, додека отпорот од локалните власти ги забавува некои проекти.

Лансирањето на нови модели како што се ГПТ- 5 и Џемини- 3 покажа дека подобрувањата кај новите производи стануваат сè поретки, додека новите играчи како ДипСик (DeepSeek) докажуваат дека квалитетните модели можат да се развиваат побрзо и поевтино.

Компаниите што развиваат вештачка интелигенција се соочија со повеќе од 50 тужби за повреда на авторски права, додека инцидентите поврзани со чет-ботовите го загрозија физичкото и менталното здравје на некои корисници и поттикнаа регулаторни иницијативи за поголема контрола врз вештачката интелигенција.

Со крајот на 2025 година и почетокот на Новата Година индустријата за вештачка интелигенција влегува во фаза на тестирање на одржливоста на бизнис моделите и економската вредност.

Фокусот на инвеститорите сè повеќе се префрла од самата големина на моделот кон тоа кој може да ја претвори вештачката интелигенција во одржлив производ што луѓето всушност го користат и плаќаат за него.

Ерата на неограничена доверба во идните приноси на вештачката интелигенција завршува, а 2026 година ќе одлучи дали оваа технологија ги исполнува очекувањата или ќе ги соочи инвеститорите со реалноста и кризата што би го надминала „пукањето“ на дот-ком меурот од 2000 година.

И неодамнешното истражување на Дојче Банк покажа дека заладувањето на бумот на вештачката интелигенција и падот на технолошките проценки претставуваат најголем ризик за следната година.

Од 440 испитаници во анкетата, 57% го наведоа меурот на ВИ како најголем ризик, бидејќи загриженоста за ВИ и технолошките проценки ги надмина сите други ризици за стабилноста на пазарот во 2026 година.

Загриженоста за приносите од обврзниците, зголемувањето на каматните стапки и поголемото влијание на ВИ врз пазарите на трудот беа други во голема мера очекувани ризици.

Извор: ТРТ Балкан и агенции

Повеќе
Русија ќе одговори на новите санкции од ЕУ со „ефикасни и остри мерки“
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Кувајт ја активираше противвоздушната одбрана
САД изврши жестоки напади врз Иран како одговор на соборувањето на воен хеликоптер
Иран нападна над 20 американски цели низ Заливот
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Техеран ги предупреди странските сили околу Иран дека се соочуваат со ризици по заканата од Трамп
Трамп вели дека САД мора да одговорат по „наводниот“ ирански напад врз американскиот хеликоптер
Франција му забрани влез на крајнодесничарскиот израелски министер Смотрич
Израел уби уште осум Палестинци во Газа, продолжувајќи со секојдневните напади
Туркије и Саудиска Арабија потпишаа значајни договори за железница и транспорт
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку
По 12 години, Северна Македонија и Туркије го враќаат на високо ниво дијалогот за патниот транспорт
Пентагон: Алибаба, Баиду и други технолошки фирми ѝ „помагаат“ на кинеската војска
Растат трошоците за живот