Кина упати апел до САД да се придржуваат до мораториумот за нуклеарни тестирања и ги отфрли обвинувањата дека Пекинг извршил нуклеарни тестови во 2020 година.
„Вашингтон да го почитува глобалниот консензус за забраната за нуклеарни тестирања и да престане да наоѓа изговори за продолжување на нуклеарните тестирања“, повика портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг.
Мао одговараше на прашања во врска со тврдењата на САД дека Кина извршила нуклеарни тестови на 22 јуни 2020 година.
„Обвинувањето на САД е лов во матно, таквите забелешки се неосновани“, рече Мао.
Таа додаде дека Кина постојано изјавува дека „цврсто ги поддржува“ целите и задачите на Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестови и ја почитува посветеноста на петте држави со нуклеарно оружје да одржат мораториум за нуклеарни тестирања.
„САД не штедат напори да фрлаат клевета врз другите земји, таквата практика му штети на сопствениот меѓународен углед“, рече Мао.
Ова беше втор пат овој месец Кина да ги обвини САД за обид за продолжување на нуклеарните тестирања откако Вашингтон тврдеше дека Пекинг извршил нуклеарни експлозивни тестови во 2020 година.











