| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Заврши третата рунда преговори меѓу САД и Иран, четвртата закажана за следната недела во Виена
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во четвртокот навечер изјави дека Иран и САД направиле чекор поблиску до договор за одредени прашања и дека сериозноста од двете страни е очигледна
Заврши третата рунда преговори меѓу САД и Иран, четвртата закажана за следната недела во Виена
Иранската делегација по индиректните разговори меѓу Иран и САД со посредство на Оман во Женева / AA
пред 4 часа

Третата рунда индиректни американско-ирански разговори за нуклеарните и ракетните програми на Техеран заврши во Женева. Оман, кој посредува во разговорите, изјави дека е постигнат напредок и дека се разменети „позитивни и креативни идеи“.

Разговорите се одржаа во услови на зголемено американско воено присуство на Блискиот Исток.

Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр ал-Бусаиди, објави дека е постигнат „значаен напредок“ во втората фаза од третата рунда мировни преговори меѓу САД и Иран.

„Ќе продолжиме наскоро по консултациите во Техеран и Вашингтон. Разговорите на техничко ниво ќе се одржат следната недела во Виена. Благодарен сум на сите вклучени за нивните напори: преговарачите, МААЕ и нашите домаќини, швајцарската влада“, напиша ал-Бусаиди на платформата X.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во четвртокот навечер изјави дека Иран и САД направиле чекор поблиску до договор за одредени прашања и дека сериозноста од двете страни е очигледна.

Тој додаде дека двете страни се согласиле техничките тимови да започнат дискусии и прегледи во Виена почнувајќи од понеделник.

Тој, исто така, најави дека нова рунда разговори ќе се одржи за помалку од една недела.

И порталот Аксиос објави дека разговорите меѓу САД и Иран во Женева бил позитивни, повикувајќи се на неименуван американски функционер.

„Аксиос“ соопшти дека функционерот не дал веднаш дополнителни детали.

Извештајот дојде откако специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер, одржаа разговори со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во Женева, со посредство на Оман.

Американската страна била „разочарана“ од ставот на Иран за време на утринската сесија, објави Аксиос, повикувајќи се на извор запознаен со разговорите.

Повеќе
Орбан испраќа предупредување до Зеленски: Унгарија не сака војна
САД ја блокираат одбраната на Мадуро по обвиненија за трговија со дрога
Иран достави предлог до САД за постигнување договор
Отпуштени ФБИ агентите кои истражувале случај за Доналд Трамп
Ивица Дачиќ хоспитализиран поради тешка пневмонија
ЈТБ организираше програма „Ифтар на братството на Балканот“ во Скопје
Во Скопје предавање „Градење на новиот свет: Академски и културни мостови за младите на Балканот“
Соренсен: Добри разговори во Белград, фокус на спроведување на обврските од дијалогот
Иран гледа „поволни изгледи“ пред нуклеарните разговори со САД
Најмалку седум загинати во украински напад со дронови врз фабрика за ѓубриво во Русија
Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, се извини за врските со Епштајн, вели дека тоа била грешка
Туркије и Сирија ја продлабочуваат трговската соработка со реформа на царината
Мерц бара „пофер“ економски врски со Кина, додека Берлин притиска за ресетирање на односите
Убиени 129 новинари и медиумски работници низ светот во 2025 година
Трамп прогласи „Златното доба на Америка“ во првото обраќање за состојбата на нацијата