КУЛТУРА
2 мин читање
Во Поточари отворен музеј во чест на жртвите од геноцидот во Сребреница
Музејот е резултат на заеднички проект на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Меморијалниот центар Сребреница
Во Поточари отворен музеј во чест на жртвите од геноцидот во Сребреница
Во Поточари отворен музеј во чест на жртвите од геноцидот во Сребреница / AA
11 јули 2025

Поранешната фабрика за акумулатори во Сребреница, Босна и Херцеговина, каде што пред 30 години се случи еден од најтешките масакри во Европа по Втората светска војна, е претворена во музеј посветен на жртвите од геноцидот, а кој со поддршка на Туркије е отворен денес.

Музејот е резултат на заеднички проект на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Меморијалниот центар Сребреница.

Целта на музејот е да се зачуваат сеќавањата на невините жртви, како и да се едуцираат идните генерации за настаните од јули 1995 година, кога војската на Република Српска (ВРС) ја нападна заштитената зона на Обединетите нации во Сребреница и изврши масовно убиство на повеќе од 8.000 Бошњаци.

Во музејот се поставени инсталации кои ги прикажуваат местата на масовни егзекуции, меѓу кои и реплика на Домот на културата во Пилица – едно од местата каде се извршени масовни егзекуции. Меѓу експонатите се и масовни гробници, артефакти пронајдени во нив, предмети кои им припаѓале на жртвите, лични приказни на преживеаните и мајките на Сребреница.

Еден од ѕидовите во музејот е посветен за фотографиите на убиените, создавајќи моќен визуелен споменик на изгубените животи.

Музејот денес го посети претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије, Нуман Куртулмуш, кој е во посета на БиХ и во Поточари присуствуваше на колективниот погреб на жртвите од геноцидот што беше одржан денес.

Денес за време на колективната погребна церемонија во Меморијалниот центар Сребреница во Поточари беа погребани останките на седум жртви од геноцидот во Сребреница извршен во 1995 година.

Секоја година на 11 јули, по повод годишнината од геноцидот, се одржува погреб на новоидентификуваните жртви од геноцидот.

Генералното собрание на ОН го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Оваа година на церемонијата присуствуваа илјадници посетители од цел свет.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Саат кулата во Гостивар: Симбол на градот и вредно културлно наследство
Отворена втората годинешна изложба на İstanbul Photo Awards 2025 во Истанбул
На денешен ден пред 33 години запалена сараевската Вијеќница и уништени два милиони книги
Ѕвездена ноќ над турски Ефес, античкиот град заспан во историјата
Одржана седница на Националната комисија за УНЕСКО
Египет претстави ретки артефакти пронајдени во Медитеранот на изложба во Александрија
Љутков: Отворањето на Универзална сала треба да биде до крајот на 2027
Откријте ја тајната на гласовите на главните херои во детските анимирани серии
Претставена програмата за 16-то издание на фестивалот „МакеДокс“
Филмот „Диџеј Ахмет“ ќе се натпреварува за наградата „Срце на Сараево“
Вилем Дефо добитник на наградата „Почесно срце на Сараево“ на 31-от Сараевски филмски фестивал
Откриен 900-годишен церемонијален сад на УНЕСКО локација во Туркије
46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 20-26 септември
Галичник ја негува вековната свадбена традиција
УНЕСКО: Охрид да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност
Игор Џамбазов: Кога се емитуваше Волшебното самарче, немаше луѓе по улица