Игор Џамбазов: Кога се емитуваше Волшебното самарче, немаше луѓе по улица
КУЛТУРА
3 мин читање
Игор Џамбазов: Кога се емитуваше Волшебното самарче, немаше луѓе по улицаВо 1975 година започна снимањето на ТВ серијата “Волшебното самарче”. Педесет години потоа се сеќаваме на култната серија и тоа во разговор со актерот Игор Џамбазов кој ја играше главната улога на Трајче дрварчето.
Eдна желба на Игор Џамбазов му останала неостварена... / TRT Balkan MK
6 јули 2025

Првата асоцијација на Волшебното самарче секогаш е една приказна која е куриозитет не само кај нас туку и во светот, а тоа е дека три генерации актери од едно семејство играат главни, големи или значајни улоги во серијата како што беше Волшебното Самарче. Дедо ми Петре го играше дедото Евто, а мајка ми Анче ми ја играше мојата мајка, вели актерот Игор Џамбазов кој се присети на култната ТВ серија која започна да се снима пред 50 години.

Џамбазов вели дека со серијата предвреме му се остварил сонот да биде дел од таков голем проект со импозантна актерска екипа.

Серијата во која се опишува борбата на македонскиот народ за време на Втората светска војна стана позната “Трајче Дрварчето”, улога која ја толкуваше Џамбазов и по неговото коњче Дорчо.

“Тоа е она задоволство што го имаат професионалните актери кога ќе стигнат до својата улога од соништата, до својот ангажман од соништата. Јас можеби имав и несреќа што мојот ангажман од соништата ми се случи на 12 години. Можеби не беше природно, но кога се ќе се собере и одземе. Волшебното самарче е најдобрата епизода во мојата кариера. , вели Игор.

Во серијата учествува голема актерска екипа. Државата не штедела ресурси за снимањето.

“Беа ангажирани од 120 до 150 актери. Значи во тоа време беа ангажирани сите професионални актери во Македонија и кога ја гледате одјавната шпица на Волшебното самарче тоа нема крај. И беа ангажирани 2 000 до 3 000 војници на тогашната ЈНА. 1 500 играа Германци, 1 500 играа партизани па тоа беше борбата никој не сакаше да биде Германец, сите сакаа да бидат партизани”, вели Игор.

 Веднаш по емитувањето во 1977 година имала огромна популарност.

“Волшебното самарче се емитуваше во 17:45 во вторник. И се сеќавам дека нашите часови завршуваа кај 17:15 17:20, втора смена нели. И ние брзо од Ѓорѓи Димитров од втора смена дома со трчање да ја фатиме новата епизода и верувај по улиците немаше луѓе”.

 За време на снимањето се случувале и непредвидени ситуации.

“На половина од снимањето во Маврово ни го украдоа Дорчо. Го украдоа коњот. Коњов главна улога заедно со мене. Дорчо попопуларен од Трајче. Паника. Цела филмска екипа 100 души сместена во Хотел Бистра во Маврово не може да се снима. Полиција известена. Најдоа едно коњче. Личеше на Дорчо по бојата, ама не е Дорчо. Дорчо веќе беше глумец. Еден дубл, после тоа он сам се враќа на местото за да го снима вториот дубл”, објаснува Џамбазов.

Режисер на серијата е Ацо Алексов, а снимена е по книгата “Волшебното самарче” на Ванчо Николески.

“И чичко Ванчо Николески присуствуваше на првиот ден на снимање. Дојде, се запозна со мене. И тоа баш на сцената каде јас плачам по татко ми кога ќе дознаам дека татко ми е загинат во бомбардирањето во Белград”, изјави Џамбазов.

 Но една желба на Игор му останала неостварена.

“Мене ми остана неостварена желба и голема мака што не го запознав вистинскиот Трајче кој во тоа време боледуваше од тешка болест и кој почина за време на снимањето и никогаш не успеа да ја види”, вели актерот.

Серијата „Волшебното самарче" веќе не се емитува, а книгата од пред неколку години не е меѓу задолжителните лектири во основното образование. 

 

Повеќе
Саат кулата во Гостивар: Симбол на градот и вредно културлно наследство
Отворена втората годинешна изложба на İstanbul Photo Awards 2025 во Истанбул
На денешен ден пред 33 години запалена сараевската Вијеќница и уништени два милиони книги
Ѕвездена ноќ над турски Ефес, античкиот град заспан во историјата
Одржана седница на Националната комисија за УНЕСКО
Египет претстави ретки артефакти пронајдени во Медитеранот на изложба во Александрија
Љутков: Отворањето на Универзална сала треба да биде до крајот на 2027
Откријте ја тајната на гласовите на главните херои во детските анимирани серии
Претставена програмата за 16-то издание на фестивалот „МакеДокс“
Филмот „Диџеј Ахмет“ ќе се натпреварува за наградата „Срце на Сараево“
Вилем Дефо добитник на наградата „Почесно срце на Сараево“ на 31-от Сараевски филмски фестивал
Откриен 900-годишен церемонијален сад на УНЕСКО локација во Туркије
46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 20-26 септември
Галичник ја негува вековната свадбена традиција
Во Поточари отворен музеј во чест на жртвите од геноцидот во Сребреница
УНЕСКО: Охрид да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност