Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера соопшти дека неговиот Извршен одбор одобрил четиригодишен заем во износ од 8,1 милијарда долари за Украина, при што веднаш ќе бидат исплатени околу 1,5 милијарди долари.
Новата програма во рамките на Механизмот за проширено финансирање (ЕФФ) е дел од поширок меѓународен пакет за поддршка вреден 136,5 милијарди долари, насочен кон одржување на украинската економија во услови на тековната војна со Русија, се наведува во соопштението.
„Украина и нејзиниот народ издржаа долга и разорна војна повеќе од четири години со извонредна издржливост“, изјави управната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева.
„Новата програма во рамките на ЕФФ има цел да ја зачува тешко стекнатата макроекономска и финансиска стабилност, како и да ги прошири и продлабочи структурните реформи додека војната продолжува“, додаде Георгиева.












