| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Венс: Не постојат шанси САД да влезат во долготрајна војна на Блискиот Исток
„Идејата дека ќе бидеме во војна на Блискиот Исток со години, без јасен крај, нема шанси да се оствари“, нагласи Венс
Венс: Не постојат шанси САД да влезат во долготрајна војна на Блискиот Исток
Венс: „Не постојат шанси САД да влезат во долготрајна војна на Блискиот Исток“ / Reuters
пред 15 часа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вчера изјави дека додека претседателот на САД, Доналд Трамп, ја разгледува можноста за воени напади врз Иран, не постојат шанси САД да се вклучат во долготрајна војна.

Во изјавата за „Вашингтон пост“ Венс рече дека не ја знае конечната одлука на Трамп, посочувајќи дека опциите се движат од воена акција „за да се осигури дека Иран нема да дојде до нуклеарно оружје“ до дипломатски решенија.

„Идејата дека ќе бидеме во војна на Блискиот Исток со години, без јасен крај, нема шанси да се оствари“, нагласи тој.

Венс, четириесет и едногодишниот ветеран на маринците и поранешен критичар на војната во Ирак, се опиша себеси како „скептик кон странските воени интервенции“ и посочи дека Трамп има ист претпазлив пристап.

„Мислам дека сите ја претпочитуваме дипломатската опција“, додаде тој.

Венс се осврна и на внатрепартиските дебати во САД околу политиката кон Блискиот Исток, вклучително и ставовите кон Израел, нагласувајќи ја важноста од отворена дискусија.

Коментирајќи го неодамнешното интервју на поранешниот водител на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, со американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, Венс изјави дека „станува збор за навистина добра и неопходна дискусија за десницата, не само во следните неколку години, туку и на подолг рок“.

Во меѓувреме, преговорите меѓу САД и Иран продолжија вчера во Женева, Швајцарија, во услови на најголемо американско воено присуство на Блискиот Исток од периодот пред војната во Ирак.

Претседателот Трамп јавно се залага за промена на режимот во Иран, оценувајќи дека тоа би било „најдоброто нешто што може да се случи“.

Повеќе
ММФ одобри заем од 8,1 милијарда долари за Украина
Автобусите, возовите и метрото запреа во Германија поради 48-часовниот штрајк
Венс: Не постојат шанси САД да влезат во долготрајна војна на Блискиот Исток
Авганистан го прекина одмаздничкиот напад врз Пакистан по загинати војници
Хилари Клинтон пред конгресниот одбор сведочеше дека не знаела ништо за активностите на Епштајн
Заврши третата рунда преговори меѓу САД и Иран, четвртата закажана за следната недела во Виена
Болат: БДП на Туркије ќе достигне 1,6 билиони долари оваа година
Северна Македонија и Хрватска ја зајакнуваат билатералната соработка и европската перспектива
Политико: Израел прво ќе го нападне Иран за да се обезбеди поддршка од јавноста во САД
Андоновски: Ќе бидеме меѓу првите земји што ќе го воведат „Роаминг како дома“ со ЕУ
Руската Дума одобри забрана на екстрадиција на странски државјани кои служат во нејзината војска
Убиени двајца Палестинци, четворица ранети во израелски напад со дрон во парк во градот Газа
Извршниот директор на Светскиот економски форум поднесе оставка поради врски со фајловите на Епстин
Индија и Израел ја зајакнуваат соработката, воспоставуваат партнерство во критични и нови технологии
Русија и Украина разменија тела на загинати војници во конфликтот