| Macedonian
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
Боби е најстарото куче досега на Земјата
Родено на 11 мај 1992 година, португалско куче влезе во Гинисовата книга на рекорди за долговечност
Боби е најстарото куче досега на Земјата
Боби е најстарото куче на светот / Photo: AA / AA

31-годишното португалско куче Боби влезе во Гинисовата книга на рекорди како „најстарото куче досега на Земјата“.

Боби е чистокрвно куче од расата „Rafeiro do Alentejo“, раса на куче чувар на добиток со просечен животен век од само 12-14 години. Тој сега успеа да надживее повеќе од двојно од просечниот живот.

Со датум на раѓање на 11 мај 1992 година, Гинисовата книга на рекорди во четвртокот го опиша како „не само најстарото куче кое живее; тој е најстарото куче досега“.

„Тој го живее целиот свој живот со семејството Коста во руралното село Конкеирос во Леирија, Португалија“, се додава во соопштението.

Во меѓувреме, неговиот сопственик Леонел Коста рече дека една од важните причини за долговечноста на неговото сакано куче е тоа што тој целиот свој живот го живеел далеку од градот во мирна и пријатна средина.

Боби, кој никогаш не бил врзан, отсекогаш бил слободен да ги открива блиските шуми и фарми, истакна Коста.

„Португалскиото куче собори рекорд стар речиси век; претходното најстаро куче досега, Блуи (1910-1939), беше австралиско говедо куче кое имаше 29 години и 5 месеци“, се вели во Гинисовата книга на рекорди.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Властите во Рас Ал Хаима повторно отворија седум плажи по излевањето нафта
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност
Туркије регистрираше 102 производи со географска ознака во првите 10 месеци од 2026 година
Курум од КОП31 предупредува: Ниту една земја не може сама да се соочи со климатската криза