| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Вучиќ: Србија ќе испрати темелни одговори за екстрадицијата на Маровиќ
Српскиот претседател ги запраша црногорските новинари дали размислиле за тоа дали Србија ја боли тоа што Црна Гора го признала Косово
Вучиќ: Србија ќе испрати темелни одговори за екстрадицијата на Маровиќ
По средбата во Белград Вучиќ и Милатовиќ одржаа заедничка прес - конференција / Photo: AA / AA

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија сериозно ќе одговори на барањето на Црна Гора за екстрадиција на Светозар Маровиќ, поранешниот претседател на државната заедница на Србија и Црна Гора, кој моментално се наоѓа во Србија и кого Црна Гора го бара поради издржување затворска казна поради малверзации во Будва, кои нанеле повеќемилионска штета на локалниот буџет.

„Дали сте размислувале дали нè боли што Црна Гора го призна нелегалното отцепување на дел од територијата на Србија без Повелбата на Обединетите нации“, ги праша Вучиќ црногорските новинари на прес-конференцијата по средбата со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Тој, исто така, праша дали луѓето во Црна Гора се прашуваат дали Србија е повредена кога нејзиниот амбасадор беше протеран од Црна Гора иако Србија не забележала дека има доволно валидна причина за тоа.

Вучиќ оцени дека во Црна Гора има луѓе кои се обидуваат да го подигнат стравот од Србија и да кажат дека Србија сака нешто од Црна Гора.

Тој посочи дека Србија не помислува да бара нешто што некој друг не го сака“.

Вучиќ истакна дека во односите меѓу Србија и Црна Гора секогаш се бара причина двете земји да се обвинуваат меѓусебно за непочитување.

Вучиќ најави дека Србија во следните 10 или 12 дена ќе одлучи кој ќе биде новиот амбасадор на Србија во Црна Гора.

Милатовиќ изјави дека присуството на Вучиќ на неговата инаугурација во Подгорица и неговата посета на Белград претставуваат важни чекори кон политичко ревитализација на односите меѓу двете земји.

„Парадоксално, со Србија, со која имаме толку важни економски односи, немаме дипломатски односи на ниво на амбасадори, а двете земји немаат заеднички гранични премини, иако Црна Гора ги има со Албанија и Босна и Херцеговин”, изјави Милатовиќ.

Милатовиќ истакна дека казната треба да ја отслужат сите што биле кривично казнети во Црна Гора, вклучително и поранешниот претседател на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ и додаде дека од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, добил уверување дека Србија ќе постапи одговорно во таа прилика.

Говорејќи за Косово, Милатовиќ рече дека Црна Гора треба да биде доволно политички писмена и да ја разбере позицијата на Србија за прашањето за Косово.

Тој посочи дека тензиите на северот на Косово треба да се стават под контрола за да се деескалира.

Милатовиќ рече дека Црна Гора искрено и пријателски го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека сака тој дијалог да заврши во корист и на Белград и на Приштина, доколку тоа е можно.

„Исто така, мислам дека претседателот Вучиќ, барем во однос на информациите што ги имам, направи доволно за да се деескалира. Мислам дека се потребни двајца за танго“, рече Милатовиќ.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
ГТА 6 објави нов музички албум за играта со 24 нови песни