| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган верува дека Путин сака продолжување на Црноморскиот говорот за жито
„И покрај денешната изјава, верувам дека рускиот претседател Путин сака овој хуманитарен мост да продолжи“, изјави Ердоган на прес-конференцијата во Истанбул пред да замине во официјална посета на Саудиска Арабија.
Ердоган верува дека Путин сака продолжување на Црноморскиот говорот за жито
Ердоган верува дека Путин сака продолжување на Црноморскиот говорот за жито / Photo: AA / AA

И покрај запирањето на учеството на Москва во Договорот за пренос на жито преку Црно Море, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин сака Договорот да продолжи.

„И покрај денешната изјава, верувам дека рускиот претседател Путин сака овој хуманитарен мост да продолжи“, изјави Ердоган на прес-конференцијата во Истанбул пред да замине во официјална посета на Саудиска Арабија.

Ердоган ги даде овие коментари веднаш откако Кремљ објави дека го суспендира Договорот за жито, кој истекува денес.

„Црноморскиот договор за жито влезе во историјата како дипломатски успех“, нагласи Ердоган, додавајќи дека Туркије секогаш му придавала важност на продолжувањето на Иницијативата и ги интензивирала дипломатските напори за таа цел.

Ердоган изјави дека турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и неговиот руски колега Сергеј Лавров ќе разговараат телефонски за Договорот, изразувајќи надеж дека тој ќе продолжи „без прекин“.

„Покрај тоа, може да преземеме чекори преку телефонски повик со Путин, без да го чекаме август“, додаде тој.

Претходно Ердоган изјави дека се очекува Путин да ја посети Туркије во август за да се разговара за билатералните односи и регионалните прашања.

Пред една година Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа Договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црно Море, кои беа запрени по почетокот на руско-украинската војна во февруари.

Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за да ги надгледува пратките.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година