| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Шпанија испраќа тенкови и оружје за Украина
Министерката за одбрана Маргарита Роблес за медиумите изјави дека Шпанија исполнила 90 отсто од својата обврска да обезбеди годишна обука за 2.000 украински војници
Шпанија испраќа тенкови и оружје за Украина
Нова пратка „Леопард“ тенкови ќе добие украинската армија / Фото: Reuters / Reuters

Шпанија објави дека следната недела ќе ѝ испорача четири тенка „Леопард 2А4“ и друга воена опрема на Украина.

Министерството за одбрана соопшти дека во Украина ќе бидат испратени и 10 оклопни транспортери и голем број оклопни теренски возила, лесни камиони и амбулантни возила.

Се вели дека со пратките со лесно оружје и муниција од тежок калибар ќе се продолжи и во текот на летото.

Шпанија, исто така, во Украина испрати теренска болница опремена со капацитет за итни хируршки интервенции, постоперативни амбуланти, аптека, опрема за стерилизација, лабораторија и поголем број кревети.

Министерката за одбрана Маргарита Роблес за медиумите изјави дека Шпанија исполнила 90 отсто од својата обврска да обезбеди годишна обука за 2.000 украински војници.

Во април Шпанија испрати шест тенка „Леопард 2А4“ во Украина.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Калини: Нема Палестина без Газа, нема мир без крај на израелската окупација
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
68 милиони тони урнатини претставуваат еколошка и хуманитарна катастрофа во Газа
Пашинјан: Ерменија и Туркије ќе воспостават дипломатски односи во блиска иднина
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ