| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
УЕФА ги повика репрезентациите да избегнуваат авионски летови на ЕУРО 2024
Авионите во текот на летот произведуваат јаглерод диоксид и придонесуваат за климатските промени, поради што УЕФА се надева дека ќе ги увери репрезентациите да не користат кратки летови во текот на групната фаза.
УЕФА ги повика репрезентациите да избегнуваат авионски летови на ЕУРО 2024
УЕФА ги повика репрезентациите да избегнуваат авионски летови на ЕУРО 2024 / Photo: Reute / Reuters Archive

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги поттикнува репрезентациите кои ќе настапат на претстојното Европско првенство, кое треба да се одржи во Германија во 2024 година, на натпреварите од групната фаза наместо со авион да патуваат со автобус или воз за да се намали емисијата на штетните плинови.

Исто така, на навивачите ќе им бидат понудени пониски цени на картите за воз и бесплатен јавен превоз. УЕФА сака наредното Европско првенство да биде „најодрлживо европско првенство на сите времиња“, со потсетување дека натпреварувањата во групната фаза се распоредени по региони за да биде поволно на копнените патувања. Од согорување на горивата, авионските летови произведуваат јаглерод диоксид и придонесуваат за климатските промени, поради што УЕФА се надева дека ќе ги увери репрезентациите да не користат кратки летови во текот на групната фаза.

Натпреварите УЕФА ќе ги подели во три региони на северот, западот и југот на земјата, што значи дека патувањето со железница или пат ќе биде поповолно. Тоа може да се смени доколку репрезентациите преминат во нокаут фазата, а тие натпревари се играат на другиот крај на Германија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата